Споделете го рецептот со вашите пријатели: Ќе се изненадите колку е лековито маслото со ловоров лист!

Ловоровиот лист е добро познат и омилен зачин и веќе долго време има посебно место во нашите кујни. Но, малкумина знаат дека листот на ова медитеранско, зимзелено стебло може да се користи во бројни здравствени цели, а не само за приготвување на храна.

Ловоровиот лист може да го користите за приготвување на лековито масло кое поседува одлични здравствени својства:

-намалува болки

-го смирува нервниот систем

-го зголемува и поттикнува процесот на потење

-го јакне имунилошкиот систем

-поттикнува општа ментална активност

-се користи за лекување на проширени вени

-се користи за лекување на болни зглобови

Потребни состојки:

30 г ловоров лист
250 мл маслиново масло

Постапка:

Свежите ловорови листови изгмечете ги и прелијте ги со маслиново масло. Ако користите сув ловоров лист, одвечер сомелете ги листовите и прелијте ги со многу малку врела вода, колку да се направи кашеста смеса и оставете вака да киснат, па следниот ден прелијте ги со масло.

Смесата ставете ја во стаклена тегла, затворете добро и оставете да отстои на темно и ладно место две седмици.

Повремено протресувајте ја теглата. По 14 дена процедете ја содржината низ ситна или двојна газа и складирајте во друг сад.

Ловоровото масло чувајте го на ладно и темно место. Доколку е потребно, пред употреба загрејте го на тивко и втријте го на болните зглобови.

Освен за лекување на болни зглобови, ловоровото масло може да се користи и за воспалени лимфни чворови, мигрени и болки во увото. Ако имате силни главоболки, измасирајте ги слепоочниците со ова масло. Може да се користи и за лекување на акни и митесери.

Ловоровото масло може да ја намали и телесната температура при настинки. Помага и при отстранување на болки во желудникот и цревата, ја нормализира функцијата на црниот дроб и буврезите и го подобрува апетитот. Се консумира по една лажица наутро.

Loading...