Слатките ролати се одличен десерт кој може да биде и вкусен и декоративен истовремено, а за негово приготвување нема да одвоите повеќе од 20 минути.

КОКОС РОЛАТ – Потребни состојки: 300 г мелени бисквити, 200 г шеќер, 1 лажица какао и 100 мл млеко. За фил: 125 г путер, 100 г шеќер во прав, 1 јајце и 100 г кокос

Постапка: Замесете ги сите состојки за кората и развлечете ја на фолија. Изматете го путерот заедно со шеќерот, па додадете ги останатите состојки за филот. Филувајте ја кората, свиткајте ја во ролат со помош на фолијата. Оставете во фрижидер за да се стегне убаво.

КОКОС ЛЕШНИК РОЛАТ – Потребни состојки: 250 г мелени бисквити, 250 г мелени печени лешници, 250 мл млеко, 50 г какао, 1 ребро чоколадо, 100 г шеќер во прав. За бел дел: 100 мл слатка павлака, 50 г бело чоколадо, 50 г шеќер во прав и 100 г кокос

постапка: Млекото, шеќерот и какаото сварете ги да зовријат, додадете чоколадо и мешајте додека да се растопи. Додадете ги лешникот и бисквитите. Промешајте убаво да се соединат сите состојки. На работната површина ставете хартија за печење, па од оваа смеса развлечете кора во форма на правоаголник со помош на оклагија.

Слатката павлака и белото чоколадо варете ги за добро да се загреат, но не смеат да зовријат. Тргнете од оган, па додадете шеќер и кокос. Премачкајте преку темната смеса, а потоа внимателно свиткајте го ролатот. Ставете во фрижидер неколку часови да се стегне, па сечете на тркалца.

САЛАМА ОД БИСКВИТИ – Потребни состојки: 3 јајца, 250 г бисквити (пола сомелете, ги, пола искршете ги), 100 г сечкани ореви, 150 г шеќер, 125 г маргарин/путер, 3 ребра чоколадо и 1 лист обланда

Постапка: Пенасто изматете го путерот, додадете ги сите останати состојки, освен обландата, соединете и филувајте ја претходно навлажнетата обланда. Свиткајте ја во ролат, изладете и сечете парчиња со дебелина од 0,5 см.