СПЛИТСКА ТОРТА…Мириса на ореви и суво овошје…Една од поубавите…Лесен рецепт…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

150 г ситно сечкани ореви
150 г ситно сечкани суви смокви
150 г ситно сечкано суво грозје
рендана кора од 1 портокал
60 г сенаменско брашно
9 белки
150 г шеќер

За фил:
9 жолчки
125 г шеќер во прав
1 кесичка жванилин шеќер
150 г путер

ПОСТАПКА:

Пенасто изматете ги белките со постепено додавање на шеќерот додека да добиете цврст снег. Додајте ја мешавината од суви состојки и мешајте полека со лажица или шпатула.

Смесата распоредете ја во калап 30 см обложен со хартија и печете 25 минути во рерна загреана на 180 степени. Печениот бисквит оставете да се олади, па исечете го на 3 еднакви дела.

Жолчките изматете ги со шеќерот и ванилата, па сварете ги на пареа со непрекинато мешање додека да згуснат (10-15 минути). Кремот оставете да се олади. Путерот пенасто изматете го, па постепено соединете го со кремот.

РЕДЕЊЕ: кора, 1/2 фил, кора, 1/2 фил, кора и тенок слој фил. Декорирајте со малку растопено чоколадо и ореви. Постапката погледнете ја ОВДЕ: