Спасовден се слави четириесет дена по Велигден (во четврток). Именден празнуваат: Спасе, Спасија, Спаска…а голем број семејства и села овој празнмик го имаат за куќна или селска слава.

Македонската православна црква и нејзините верници денес (четврток) го одбележуваат Спасовден. Спасовден е еден од десетте празници посветени на Господ Исус Христос кој се одбележува 40 дена по Велигден.

Исто така, овој празник е десет дена пред Света Тројца (Духовден) и секогаш е во четврток. Четириесет дена по воск.реснувањето Исус им се јавувал на своите ученици и ги подготвувал за нивната идна активност.

Во овој период луѓето сè уште се поздравуваат со христијанскиот поздрав „Христос вос-кресе“ (Христос в оскресна) и си отпоздравуваат со „Воистину в оскресе“ (Навистина вос-кресна).

Празникот Вознесение Христово се празнува во спомен на вознесувањето на Исус Христос на небото. Четириесеттиот ден по В оскресението Исус за последен пат им се јавил на своите ученици.

Ги собрал на едно место, во селото Витанија, биле единасетмината (бидејќи Јуда по предавството се обе-сил) и им соопштил дека сè уште не треба да одат од Ерусалим зашто наскоро врз нив ќе слезе Светиот Дух и ќе ги исполни со с ила.

Со таа с ила вие ќе крштевате, како што свети Јован крштеваше со вода, им рекол тогаш Исус. Потоа се подигнал и облак го кренал на небото, а тој застанал до Богот Отец. На местото пак, каде што стоел останала длабнатина од неговите стапала.

НАРОДНИ ВЕРУВАЊА

Со празникот Спасовден се поврзани голем број обичаи и верувања од кои поголемиот број имаат претхристијанско потекло.

Во таа смисла истражувачите на празничните обичаи и врувања истакнуваат дека времето кога се празнува Спасовден отприлика се совпаѓа со времето кога во претхристијанскиот период се празнувал празникот на божеството Спас, кое меѓу многуте божества ја имало улогата на заштитник и спасител на луѓето.

Се верувало дека врховниот бог Перун од небото испраќал молњи и громови како и градоносни облаци, а божеството Спас со житен клас во раката ги спасувало посевите.

Оние кои го слават Спасовден к олат јагне, а според народните верувања се верува дека мажите на овој ден не смеат да се бричат, а жените да се бањаат. Исто така се верува дека на Спасовден не се спие преку ден за да не ја преспиете целата година.

На овој голем и т ежок ден се верува дека не треба да се јаде ништо додека наутро не се вкусат јагоди. Се верува дека не треба на овој ден да се вкусува ново овошје. Обичај е и пред Спасовден да се избањате во река или море.