СПАСЕТЕ си ја косата со овој шампон!

Сода бикарбоната има широк спектар на примена, а нејзината популарност расте од кога научниците дојдоа до нови сознанија во врска со нејзините лековити својства.

Но, дали знаевте дека сода бикарбоната можете да ја користите за подобрување на квалитетот на косата? Да, тоа е навистина ефикасно! Сода бикарбоната ќе ја исчисти вашата коса подобро од било кој друг шампон или регенератор, а косата ќе има здрав сјај после само неколку третмани.

Loading...

Можеби на почетокот ќе ви биде необично да ја миете косата без шампон и пената која се создава при шампонирањето, но бидете трпеливи и почекајте ги конечните резултати!

ПОСТАПКА

Прво измешајте ¼ сода со ¾ вода. На пример, ако косата ви е до рамена, тогаш измешајте 2-3 лажици сода и трипати повеќе вода. Состојките добро измешајте ги во некој сад, а дозирајте ги во зависност од должината на вашата коса.

Вака приготвен шампонот нанесете го на косата од коренот до врвовите, оставете да делува 1-3 минути, а потоа добро исперете со топла вода, бидејќи таа најдобро ги плакне остатоците.

Откако ќе ја исперете косата со мешавина од сода бикарбона, потоа нанесете оцет.

Измешајте 1/5 винска или јаболкова киселина со 4/5 вода, доколку не ви се допаѓа мирисот на оцетот можете да додадете неколку капки лаванда, нане или етерично масло од рузмарин. Сите состојки добро измешајте ги. Најдобро би било смесата да ја приготвите во вашата бања и веднаш да ја употребите.

Наведнете ја главата кон напред, затворете ги очите за да спречите евентуално продирање на оцетот во нив. Смесата рамномерно распоредете ја и добро втријте ја во косата.

Почекајте неколку секунди а потоа исплакнете со ладна вода. Ладната вода ќе ја сочува влагата во косата и ќе и даде многу здрав изглед и сјај на косата.

Loading...