Home Политика за приватност

Политика за приватност

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

ДЕЛ 1

ИНФОРМАЦИИ СОБРАНИ ЗА ВАС

А. Информации собрани од страна на netmedicaldiets.com

1. Општо.

NMD.mk собира два вида на информации: (1) Лични информации (“Лични податоци”) дадени доброволно од страна на посетителите преку незадолжителна регистрација или други методи и (2) Лично непрепознатливи (безлични) информации, рутински собирани додека посетителите се движат низ нашата интернет страница.

2. Лични податоци.

Слободни сте да ја посетите и да ја користите нашата интернет страница, без давање на било какви лични информации. Сепак, NMD.mk нуди услуги на нашата интернет страница кои бараат регистрација и / или достaавување на лични податоци. За да се регистрирате или на друг начин да ги искористите производите и персонализираните услуги кои ги нудиме на нашата интернет страница, ќе мора да дадете лични информации. Личните податоци кои би можеле да ги побараме од вас може да бидат: вашето име, адреса, адреса на електронска пошта, телефонски број, а ако купувате стоки или услуги, информации за наплата и информации за кредитната картичка. Давањето на вашите лични податоци на NMD.mk е стриктно доброволно.

Само како пример, некои ситуации во кои може да побараме лични податоци се следните: кога ќе се регистрирате за да станете член на нашата интернет страница и / или кога ќе го ажурирате вашиот профил на членство на нашата интернет страница; кога ќе се регистрирате за да го добивате нашиот информативен билтен(и); кога ќе купите производ или услуга од нашата онлајн продавница; кога ќе се вклучите во натпревар, лотарија или промоција на нашата интернет страница; кога ќе учествувате во анкета на нашата интернет страница; или кога сакате да учествувате во некој од нашите интерактивни форуми, вклучувајќи ги виртуелните простории за разговор или таблите за објавување постови. Начините на кои ги собираме личните податоци се опишани во повеќе детали подолу.

Во некои случаи, мораме да ги споделите вашите лични податоци со цел да го исполниме вашето барање(а). На пример, можеме да користиме фирми за обработка на кредитни картички на трети лица и фирми за исполнување на испораки за да ја исполниме вашата цел. Покрај тоа, од време на време, нудиме производи или услуги на нашата интернет страница, кои се обезбедени од страна на трети лица. Исто така, понекогаш нудиме натпревари и наградни игри со друга страна. Ако не сакате да ги споделуваме вашите лични податоци на овој начин, Ве молиме, немојте да правите нарачки на нашата интернет страница или да учествувате во натпревари или наградни игри.

Регистрација и профил на членство.

Со цел да се добие пристап до одредени производи, услуги и / или содржини кои се на располагање на нашата интернет страница (на пример, диети или фитнес планови), мора да пополните формулар за регистрација. Нашиот Формулар за регистрација и страниците на профилот на членство бараат да ги доставите следниве информации: вашето име, избрани корисничко име и лозинка, адреса на електронска пошта, поштенска адреса, поштенски код, пол, висина, тежина, возраст, информации за кредитна картичка (ако се купуваат стоки или услуги), посакуваната тежина, здравствени информации (на пример, дијабетес, срцеви заболувања, итн), претпочитан начин на живот (на пример, ниво на активност, омилена храна, итн), како и други информации врзани за исхраната или начинот на живот, за да ни помогнат да ја дизајнираме и персонализираме вашата диета и / или програма за вежбање. Личните податоци што ни ги доставувате преку регистрација ги користиме за да ви препорачаме и прилагодиме диета, оброк и планови за фитнес; за да ви наплатиме и да вршиме и други платежни активности и активности во врска со профилот; и да одговориме на сите прашања кои ќе ги поставите. Одвреме-навреме можеби ќе треба да го ажурираме вашиот профил, да ве контактираме во врска со прашања врзани за наплатата, да ве известиме за промени на нашите услуги или на друг начин да ви испратиме соопштенија врзани за услугите. На пример, ако една услуга на која сте се претплатиле е привремено суспендирана поради одржување, може да ви испратиме електронска порака за да ве известиме за суспензија на услугата. Или, можеби ќе треба да ве контактираме во врска со прашање врзано за плаќањето. Вие нема да можете да се откажете од овие трансакциони електронски пораки. Ќе ви биде дозволено да се откажете од сите други електронски пораки кои не се трансакциони по својата природа.

Во овие околности, вашите лични податоци ќе ги користиме за контакт со вас. Со регистрирање за нашите услуги, вие се согласувате NMD.mk да ве контактира во врска со вашиот профил. Врз основа на личните податоци што ни ги давате, ќе ви испратиме порака за добредојде за да се верифицира вашето корисничко име и лозинка. Ако не сакате netmedicaldiets.com да контактира со вас во врска со вашиот профил или вашиот напредок, ве молиме, немојте да се регистрирате на нашата интернет страница. Се разбира, слободни сте да се откажете од било кои други електронски пораки кои ги примате од нас.

Електронски пораки & Билтени​

Вие можете да се регистрирате за да примате електронски претплати и билтени од NMD.mk преку посета на делот за претплати на вашиот профил и да одлучите да ги добивате претплатите или билтените според ваш избор. За да добивате eлектронски пораки и билтени од NMD.mk мора да ни ја дадете вашата адреса на електронска пошта. Netmedicaldiets.com, исто така, нуди функција “Кажи на пријател” (т.е. “Препорачај на пријател”) која ви овозможува да праќате статии и други содржини на ваши пријатели. Кога ја користите функцијата “Кажи на пријател” на NMD.mk, ние не ја зачувуваме адресата на електронската пошта на вашиот пријател. Адресата на електронската пошта на вашиот пријател ја користиме само со намера за испраќање на статијата или содржината која вие ја баравте на вашиот пријател и за ниедна друга цел, освен ако вам поинаку не ви е објавено во времето кога ја испраќате електронската порака.

Анкети или наградни игри​

Одвреме-навреме можеме да ви обезбедиме можност да учествувате во натпревари, наградни игри, промоции или анкети на или преку нашата интернет страница. Ако учествувате, ние ќе побараме од вас одредени лични податоци. Учеството во овие натпревари, наградни игри или анкети е наполно доброволно и затоа имате избор дали да ги обелодените овие информации. Бараната информација обично вклучува информации за контакт (како што е име, адреса на електронска пошта и / или адреса за испорака) и демографски информации (како што е поштенски код).

Понекогаш овие натпревари или наградни игри може да ги понудиме заедно со друга страна или може да користиме трета стрна како давател на услугата, да ни помогне да се спроведе промоција. Со цел да се администрира промоцијата и / или да се обезбеди победникот (победниците) со награда, можеби ќе треба да ги споделиме вашите лични податоци со трета страна, која ни помага да се спроведе промоцијата или е ко-спонзор на промоцијата заедно со нас. Ние ќе ве известиме во рамките на Службените правила на промоции, ако друга страна е ко-спонзор на промоцијата заедно со нас. Ако користиме трета страна како давател на услугата, на третата страна давател на услугата ќе и` биде забрането користење на вашите лични податоци за која било друга цел.

3. Безлично препознатливи информации​

Вие можете да ја користите нашата интернет страница без регистрација или поднесување на било какви лични податоци. Во тој случај, единствената информација што ќе ја собереме од вас е општа, агрегирана, демографска или друга безлична информација.

Ние користиме услуга на следење од трета страна која користи колачиња и лог датотеки за следење на безлични информации за посетителите на нашата интернет страница во целина. Исто така, можеме да споделиме безлични информации со трети страни, како што се огласувачи на реклами и партнери. Овие безлични, агрегирани податоци се користат за анализа на трендови, за следење на движењето на корисниците низ интернет страницата и за собирање на демографски податоци за тоа како членовите, претплатниците и / или посетителите ја користат нашата интернет страница.

Во некои случаи, кога ќе кликнете на линк или реклама во една електронска порака или билтен кои може да ги добиете од нас, вашиот пребарувач може моментно да се насочи кон интернет страницата на трета страна која, делувајќи во име на NMD.mk (види Дел 3, подолу), го бележи или “го брои” вашиот одговор на електронската порака или билтенот пред да го пренасочи вашиот пребарувач кон неговата правилна дестинација.Овој процес на пренасочување нема да биде видлив за вас. Вашите лични податоци нема да бидат регистрирани од оваа трета страна.

Колачиња

Колаче претставува мала текстуална датотека зачувана на компјутерот на корисникот со намери за водење на евиденција. Ние користиме колачиња на нашата интернет страница за да го утврдиме бројот на единечни посетители, да го персонализираме вашето он-лајн искуство, да ги идентификуваме посетителите кои се враќаат и да ве снабдиме со реклами и пораки од интерес за вас. nmd.mk не зачувува никакви лични податоци во било кои колачиња на вашиот компјутер. Сепак, безличните информации што ги чуваме во колачињата ги поврзуваме со вашите лични податоци.

Исто така, компании кои нудат производи или услуги преку нашата интернет страница може да користат свои сопствени колачиња. Оваа Политика на приватност ги покрива употребата и ставањето на колачиња само од страна на NMD.mk, а не ги покрива употребата или ставањето на колачиња од трета страна.

Вашиот пребарувач може да се нагоди да ги отфрла сите колачиња. Повеќето пребарувачи во делот “Помош” од алатникот нудат инструкции за тоа како да го нагодите пребарувачот да ги одбива колачињата. Ако одбиете наше колаче(иња), ќе бидете ограничени на одредени бесплатни области на нашата интернет страница и нема да бидете во можност да пристапите на области на интернет страницата кои се достапни на членовите кои платиле.

Исто така, за да прикажеме реклами кога ќе ја посетите нашата интернет страница, користиме рекламна компанија од трета страна. Оваа компанија може да користи безлично препознатливи информации за вашите посети на оваа и други интернет страници, со цел да обезбеди реклами за стоки и услуги од интерес за вас.

Интернет тракери (Web beacons)​

Нашите рекламни партнери користат софтверска технологија наречена „јасни гиф-фајлови“ (уште познати како „интернет тракери“ / „интернет бубачки“) кои ни помагаат да се проверат продажбите на нашата интернет страница. Интернет тракерите се мали графики со единствен идентификатор, кои во функцијата се слични на колачињата и се користат за следење на онлајн движењата на интернет корисниците. За разлика од колачињата кои се зачувани на хард дискот на компјутерот на корисникот, интернет локаторите се вградени невидливо на интернет страниците и отприлика се со големина на точка на крајот на оваа реченица. Безличните информации собрани од страна на интернет тракерите не ги врзуваме на вашите лични податоци и не ги користиме интернет тракерите да собираме лични податоци од вас или за вас или за да ги следиме вашите активности генерално низ интернет страниците.

Лог датотеки

Како што е тоа точно за повеќето интернет страници, некои информации и ние ги собираме автоматски и ги чуваме во лог датотеки. Овие информации вклучуваат адреси на интернет протокол (IP), типот на пребарувачот, реферални / излезни страници, оперативен систем, жиг на датум / време и `кликстрим/clickstream` податоци. Овие информации (кои не ги идентификуваат индивидуалните корисници) ги користиме за анализа на трендови, за администрирање на интернет страницата и за идентификување и решавање на хардверски и софтверски проблеми, онака како што се јавуваат. Овие автоматски собрани податоци може да ги поврземе на вашите лични податоци со цел за одредување на вашите интереси и да ви понудиме стоки или услуги кои веруваме дека може да бидат од интерес за вас.

4. Следење и спојување на информации од други извори.

Ако се регистрирате на нашата интернет страница и ни доставите лични податоци, ние можеме да поврземе безлични, агрегирани податоци што служат за следење со вашите онлајн лични податоци преку користење на колачиња, лог датотеки и со колекција на други безлични информации.

Исто така, можеме да ги надополниме личните податоци што ги собираме од вас со безлични или лични информации од други извори од трети страни (на пример, Experian Information Solutions, Inc.). Oвие информации од трета страна ќе ги споиме со личните податоци што сте ги доставиле до нас. Композитните информации за вас ќе бидат третирани во согласност со оваа Политика на приватност.

Ова следење и спојување го вршиме за да ни помогне во оценувањето и подобрувањето на нашата интернет страница, производите и услугите; да ги утврдиме вашите преференции, така што да можеме да ги прилагодиме нашата интернет страница, производите и услугите на вашите потреби; да ви обезбедиме таргетирани маркетинг понуди за кои мислиме дека може да бидат од интерес за вас; и / или генерално да ги проучиме прашањата во врска со исхраната, губењето на тежина, однесувањето и физичките вежби.

Б. Информации собрани од трети страни кои не делуваат во име на nmd.mk

Спонзори, партнери или објавувачи на реклами на интернет страницата или во електронските пораки, специјалните промоции или билтените кои ви ги испраќаме, исто така, може да користат свои сопствени колачиња или интернет тракери кога ќе кликнете на нивна реклама или линк до нивната интернет страница или услуга или дури и ако рекламата едноставно се појавува на една страница или во електронската порака што ја разгледувате.

Ние не ја контролираме употребата на колачиња или интернет тракери од трети страни или начинот како тие постапуваат со безличните информации кои ги собираат преку нив. Ве молиме разгледајте ја политиката на приватност на другите интернет страници кои ги посетувате или со кои се поврзувате од нашата страница за да разберете како овие други страници ги користат колачињата и како ги користат информациите што ги собираат преку употребата на колачиња или интернет тракери на нивните страници.

В Деца

Ние сме посветени да ја заштитуваме приватноста на децата. Оваа интернет страница не е дизајнирана за деца под 13 години, ниту пак е наменета да привлече деца на возраст под 13 години. Свесно не собираме лични информации директно од било кое лице на возраст под 13 години и ако ненамерно собереме информации од лице на возраст под 13 години, ги бришеме веднаш штом тоа ќе

Г. Јавни форуми

Како што споменавме погоре, оваа Политика на приватност не ве заштитува кога ги користите јавните форуми на NMD.mk. Како сервис на нашите корисници, netmedicaldiets.сom нуди виртуелни простории за разговор и огласни табли, каде што корисниците можат да споделуваат диети, исхрана и / или фитнес информации и да се поддржуваат едни со други или да поставуваат прашања за да ги одговорат експерти. Покрај тоа, нудиме онлајн дискусии на различни теми, модерирани од страна на експерти. Треба да бидете свесни дека било кои информации, споделени во виртуелната просторија за разговор, на огласната табла или при онлајн дискусија, претставуваат јавни информации и може да бидат видени, обелоденети или собрани од страна на трети лица кои не се придржуваат до нашата Политика на приватност. Внимателно терба да размислите пред да обелодените било какви лични податоци во било кој јавен форум.

Д. Електронски пораки до NMD.mk

Оваа Политика на приватност не ве заштитува кога испраќате деловни информации, идеи, концепти или пронајдоци до NMD.mk преку електронска пошта до контактите на листата на линкот “Контактирајте не`” на нашата интернет страница. Ако сакате да ги сочувате деловните информации, идеи, концепти или пронајдоци приватни или сопственички, не ги испраќајте по пат на електронска пошта до NMD.mk.

ДЕЛ 2

ОБЕЛОДЕНУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ИНФОРМАЦИИ

Освен како што е наведено во оваа Политика на приватност или како што е посебно одобрено од ваша страна, NMD.mk нема да открие било какви лични податоци кои се собираат од вас на нашата интернет страница без ваша претходна дозвола. Освен како што е наведено во овој текст, вие ќе ја имате можноста да дозволите на NMD.mk да ги споделува вашите лични информации со трети страни, и можете да ја повлечете вашата согласност на NMD.mk да ги споделува вашите информации во секое време.

Во некои околности, мораме да ги откриеме вашите лични податоци на трети страни, кои ни помагаат да ја администрираме нашата интернет страница или нашите услуги. Од овие трети страни се бара да ги чуваат како доверливи вашите информации и да не ги користат за било која друга цел, освен онаа заради која се собрани. Види го Делот 2C Обелоденување на надворешни соработници за повеќе информации. Покрај тоа, нудиме стоки или услуги на трети страни во нашата онлајн продавница и на други места на нашата интернет страница. Ако треба да купите нешто, ќе мора да ги обелодените вашите информации на овие трети страни, така што вашата нарачка да може да биде поставена и процесирана. Види Дел 2Д. Обелоденување на продавачи трети лица за повеќе информации. Исто така, вашите информации ги откриваме на нашите содружници (дефинирано подолу).

Исто така, можеме да објавиме лични информации кон трети страни: (1) За да се усогласиме со важечките законски барања како што е закон, пропис, налог за претрес, судска покана, судска наредба или правен процес; или (2) Во посебни случаи, како што е физичка закана кон вас или други или за заштита на правата и / или сопственоста на NMD.mk. Покрај тоа, во малку веројатниот случај целоста на нашиот бизнис да се продаде, ликвидира, спои или пренесе на трета страна, ние можеме да ги префрлиме сите лични и безлични информации на страната што купува или се спојува со нас. Види Дел 2G Други обелоденувања за повеќе информации.

А Обелоденување кон содружници на netmedicaldiets.com

Информации (вклучувајќи и лични информации) за вас можеме да обелодениме на нашите содружници. За целите на оваа Политика на приватност, “содружник” означува секое физичко лице или ентитет кое директно или индиректно контролира, е контролирано од или е под заедничка контрола со NMD.mk без разлика дали преку сопствеништво или на друг начин. Било кои информации во врска со вас што ние ги даваме на нашите содружници ќе бидат третирани од страна на овие содружници во согласност со условите на оваа Политика на приватност.

Б Обелоденување кон трети страни, општо

Повремено може да ве поканиме да бидете контактирани од трети страни чии производи или услуги може да бидат од интерес за вас. Вашите лични податоци ќе ги споделиме со овие трети страни, само ако ни дадете дозвола тоа да го сториме. Ако се одлучите на такво споделување, исто така, вашите лични податоци може да ги споделиме со даватели на лиценци за одредена диета, исхрана и / или програми поврзани со здравјето понудени на или преку нашата интернет страница.

На трети страни можеме да им доставиме безлични информации за вас, кои не овозможуваат да бидете идентификувани или контактирани, вклучувајќи ситуации каде што таквите информации се во комбинација со слични информации од други корисници на нашата интернет страница. На пример, на нашите огласувачи на реклами и други трети страни им даваме агрегирани, безлични информации за корисниците на нашата интернет страница, вклучувајќи го бројот на единечни корисници кои ја посетиле нашата интернет страница, демографскиот пресек на регистрираните корисници на нашата интернет страница или активностите во кои се ангажирани посетителите на нашата интернет страница додека се вклучени на нашата интернет страница.

В Обелоденување кон надворешни претприемачи

Ние можеме да ангажираме независни претприемачи, продавачи и добавувачи (заедно, “Надворешни претприемачи”) да обезбедуваат специфични услуги и производи поврзани со нашата интернет страница, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на одржување на листа на потиснати електронски пораки, како што се бара од страна на државен и / или федерален закон; хостирање и одржување на нашите виртуелни простории за разговор; обезбедување на обработка на кредитни картички и спроведување на испораки; проверка на измами; тестирање и имплементација на посебни услуги, како што се оние за контактирање со членови за да се понуди лична, еден-на-еден, нутритивна и членска поддршка, за да им се помогне на членовите да ги постигнат своите цели; и развој на апликации за нашата ијнтернет страница и услуги во врска со електронските пораки. Овие надворешни претприемачи понекогаш можат да имаат ограничен пристап до информациите собрани на нашата интернет страница, вклучувајќи ги и вашите лични податоци, во текот на обезбедување на производи или услуги за нас. Пристапот до вашите лични податоци од страна на овие надворешни претприемачи е ограничен на информациите кои се разумно потребни со цел надворешните претприемачи да ги извршуваат своите ограничени функции за нас.

Д Обелоденување кон продавачи од трети страни

Преку нашата интернет страница може да ви се даде можност да купите (или да добиете повеќе информации) во врска со одредени содржини, производи или услуги кои се продаваат преку друго лице или компанија освен нас или нашите содружници (колективно, “продавачи од трети страни”). Покрај тоа, ако купите производ или услуга преку една од нашите ко-брендирани продавници (наместо преку нашата онлајн продавница), најверојатно, ќе го купите производот преку продавач од трета страна, а не од нас. Ние ќе се обидеме да ве известиме кога ќе имате работа со продавач од трета страна преку отворање на нов пребарувач или преку известување до вас на друг начин дека ја напуштате нашата интернет страница. На пример, ако видите фраза од типот “поддржанo од страна на” или “донесено за вас од страна на”, проследено со името на некое лице или компанија, освен NMD.mk, тогаш најверојатно сте влезени или штотуку ќе влезете на интернет страница која е хостирана или управувана од страна на лице или компанија, освен нас. Продавачи од трети страни може да побараат да им доставите одредени лични податоци (на пример, име и адреса за испорака), со цел за купување на нивните производи или услуги или да добиете дополнителни информации од нив. Алтернативно, можеме да ги нудиме производите или услугите на овие продавачи од трети страни во нашата онлајн продавница или на друго место преку нашата интернет страница. Ако треба да извршите купување на овие производи или услуги, ние ќе ги пренесеме податоците во врска со купувањето и вашите лични податоци на продавачот од трета страна, така што трансакцијата да може да се процесира.

Ако не сакате продавач од трета страна да има пристап до вашите лични податоци, ве молиме не купувајте во нашата онлајн продавница (или на друго место на нашата интернет страница). Со доставување на бараните информации, вие афирмативно се согласувате да ги споделите тие информации со продавачот од трета страна. Овие информации се користат од страна на продавачот од трета страна и може да бидат предмет на различна политика на приватност. Ние поинаку не ги споделуваме или обелоденуваме вашите лични податоци на продавачи од трети страни, освен ако не ни дадете дозвола тоа да го сториме.

Е Други обелоденувања

Го задржуваме правото за пренос на информации на трета страна во случај на продажба, ликвидација, спојување или друг пренос на сиот или суштински сиот имот на netmedicaldiets.com. Ние ќе се трудиме, со добра намера, да обезбедиме договор со трети страни и нивно придржување кон условите на оваа Политика на приватност. Покрај тоа, ние ќе ги известиме корисниците за секој таков трансфер преку известување на нашата интернет страница и преку електронска порака.

ДЕЛ 3

КАКО NETMEDICALDIETS.COM СЕ СПРАВУВА СО БЕЗБЕДНОСТА

Безбедноста на вашите лични податоци е важна за нас. Кога ќе внесете чувствителни информации (како што е број на кредитна картичка) на нашата регистрација или формулари за нарачка, ние ги шифрираме тие информации користејќи Secure Socket Layer технологија (SSL). Ние ги следиме општо прифатените индустриски стандарди за заштита на лични податоци доставени до нас, и за време на пренос и штом ќе ги примиме. Сепак, ниеден метод на пренос преку интернет или метод на електронско складирање не е 100% сигурен. Затоа, макар што ние се стремиме да користиме комерцијално прифатливи средства за заштита на вашите лични податоци, не можеме да гарантираме нивна апсолутна безбедност.

ДЕЛ 4

ВАШИ ИЗБОРИ НА ПРИВАТНОСТ

Освен ако поинаку не е опишано во оваа Политика на приватност, личните податоци ќе ги користиме само за целите опишани погоре или како што е обелоденето во времето кога бараме такви информации од вас. Вие исто така можете да ја смените вашата преференција и да ја исклучите опцијата на прием на доброволни, нетрансакциони комуникации со промена на таа опција во вашиот Профил на членство и / или Профилот на претплата карактеристика на нашата интернет страница, следејќи ги упатствата дадени во асоцијација со комуникацијата. Исто така, можете да се предомислите за тоа дали netmedicaldiets.com може да ги споделува вашите информации со трети страни преку менување на опцијата во Профилот на членство и / или Профилот на претплата. Освен ако не е поинаку наведено, корисниците на нашата интернет страница се известуваат кога личните податоци се собираат од трети страни на нашата инернет страница.

Ве молиме, исто така знајте дека секогаш може да изберете да не доставувате информации, иако тоа би можело да биде потребно за да се искористат предностите на понудите или својствата на интернет страницата. Можете да додадете или ажурирате одредени информации што ни ги доставувате преку вашиот Профил на членство и / или Профил на претплата или ако контактирате преку [email protected]

ДЕЛ 5

АЖУРИРАЊЕ НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ИНФОРМАЦИИ И КОНТАКТИРАЊЕ СО NETMEDICALDIETS.COM

Секогаш можете да контактирате со нас со цел: (1) да ги ажурирате или измените вашите лични податоци, (2) да ги смените вашите преференции во однос на комуникации и други информации што ги добивате од нас или трети страни, или (3) бришење на лични податоци чувани за вас на нашите системи, преку пристап до вашиот Профил на членство и / или вашиот Профил на претплата.Таквите ажурирања, корекции, измени и бришења нема да имаат влијание врз други информации кои ние ги чуваме или информациите што сме ги доставиле на трети страни во согласност со оваа Политика на приватност, пред таквото ажурирање, корекција, промена или бришење.

Треба да бидете свесни дека технолошки не е можно да се отстрани секој запис на информациите кои сте ги доставиле на NMD.mk од нашите сервери. Потребата да се направат резервни копии на нашите системи за заштита на информации од ненамерно губење значи дека копија на вашите лични податоци може да постои во неизбришлива форма, која ќе биде тешко или невозможно за нас да ја лоцираме. Сепак, ветуваме дека по добивањето на вашето барање, ќе бидат исклучени сите лични податоци кои се чуваат во базите на податоци, кои ние активно ги користиме за истражување и дневни деловни активности и други лесно пребарливи медиуми.​

ДЕЛ 6

КОНТАКТИРАЈТЕ СО НАС СО ПРАШАЊА ВРЗАНИ ЗА ПРИВАТНОСТА

Ако имате поплака или проблем, можете да ни пратите електронска порака на адресата [email protected] и ние ќе ја проследиме вашата поплака до соодветен внатрешен оддел на netmedicaldiets.com за одговор или решение.Ние се обидуваме навремено да одговориме на секоја електронска порака, но не сме секогаш во можност тоа да го сториме. Ако имате било какви прашања во врска со нашата Политика на приватност или чувствувате дека не се придржуваме до условите на нашата објавена Политика на приватност, ве молиме контактирајте не` на било кој од следните начини:

Испрати е-маил на: [email protected]

ПРЕКУ УПОТРЕБА НА НАШАТА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА, ВИЕ ГО НАЗНАЧУВАТЕ ВАШЕТО ПРИФАЌАЊЕ НА ОВАА ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ. АКО НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО ОВАА ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ, НЕ ТРЕБА ДА ЈА КОРИСТИТЕ НАШАТА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА. ВАШАТА КОНТИНУИРАНА УПОТРЕБА НА НАШАТА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА, ПО ОБЈАВУВАЊЕТО НА ПРОМЕНИ НА ОВАА ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ, ЌЕ ЗНАЧИ ДЕКА ГИ ПРИФАЌАТЕ ОВИЕ ПРОМЕНИ.

Ефективен Датум: Оваа политика последен пат била ажурирана на 21 февруари 2013