Потребни состојки:

5 пилешки батаци

3 јајца

200 г брашно

300 г презла

Сол, масло

Постапка:

Месото измијте го со ладна вода, извадете ја кожичката па направете мал засек по средината на секој батак. Ова направете го ако парчињата се поголеми за да може топлината убаво да се распореди до внатрешноста на батаците и побрзо да се испечат. Секој батак избришете го со салвета да не бидат мокри.

Посолете ги па изматете јајца кои исто така треба малку да ги посолите. Ако ги похувате во длабоко масло, ставете на оган поголема количина масло да се загрее (околу 500 мл). Секој батак извалкајте го во брашно, па во јајца, па повторно во брашно, пак јајца и на крај во презла.

Пржете ги на средна температура околу 20-тина минути со постојано вртење за да се испржат рамномерно. Ако се поголеми ќе ви биде потребно повеќе време.

Ако ги печете во рерна исто така треба повремено да ги превртувате и да ги полевате со масло за да бидат рамномерно испечени.