„Овој метод го прочитав некаде на интернет и сакав да го испробам и да проверам дали навистина функционира. Не ме чини скапо, а и онака на завесите им дојде редот за перење. Посивени се од прашина и извалкани на оној дел кој допира до корнизата. Овој дел секојпат мора рачно да го истријам за да бидат убаво испрани“, вели Јелена.




„Перењето никогаш не било полесно со овој метод. Едноставно завесите ставете ги во машината за перење, па внатре во бубањот стабете едно апче аспирин, а во една од преградите ставете една кесичка прашок за печиво“, објаснува Јелена и додава:




„Потоа секој сами одредете го програмот според кој ги перите вашите завеси. Јас на пример, на мојата машина го одбирам програмот за рачно перење, одбирам 30 степени температура за перење и центрифуга со 400 вртежи“, вели Јелена.




Вклучете ја машината и оставете да си го одработи своето. Кога ќе заврши програмот, ќе бидете изненадени, исто како што бев и јас. Завесите излегуваат беспрекорно снежно бели, биз ниедна дамка на нив. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ. Во продолжение прочитајте шест начини за белеење на алиштата:




Белата боја симболизира чистота, совршенство и добрина. Белата облека отсекогаш била поврзувана со висок социјален статус, а личностите облечени во бело, секогаш добивале огромна почит од останатите. Елегантни бели парчиња облека во плакарот имаат речиси сите луѓе.

И покрај нивната неверојатна убавина, белите алишта имаат една маана: премногу брзо се валкаат. Чистењето на белата облека знае да биде навистина тешко. Затоа, за таа цел, ви откриваме неколку необични, но ефикасни начини, со чија помош ќе можете да ги избелите омилените бели парчиња облека.




Избелување со аспирин. Овој лек за главоболка забележително и многу ефикасно ги отстранува жолтите дамки од белите алишта, нешто слично на метод кој го искористи Јелена за избелување на нејзините завеси. За таа намена, потребно е да растворите 5 таблети аспирин во вода во која потоа ќе ја потопете облеката. Оставете да отстои неколку часови или преку цела ноќ, а потоа исперете на вообичаениот начин.




Сода бикарбона. Во 4 литри вода, додајте една полна шолја за кафе сода бикарбона (во зависност од количината, може да ставите и повеќе). Потопете ги белите алишта во тој раствор. После добро отстојување и машинското перење, вашата облека веднаш ќе заблеска!




Сок од лимон. За успешно да ја вратите назад белата боја на вашата облека, растворте 1 чаша сок од лимон во топла вода и потопете ги алиштата. Оставете ги да отстојат во текот на целата ноќ, а следното утро исперете на вообичаениот начин. Ова е една од алтернативите, но сигурно дека ќе се сложите дека е една од поскапите. Користете ја само кога другите методи не дале резултати.




Оцет. Ова е стар метод кој го користеле и нашите баби. Додајте 1 чаша оцет во детергентот за перење алишта или директно во алиштата. Откако ќе бидат испрани и исушени, не грижете се, киселиот мирис ќе биде испарен и ќе нема траг од оцетот, а со него ќе испарат и валканите дамки. Најдобро е да користите бел оцет.




Средство за миење садови. Најдобро е да се користат производи, кои содржат помалку хемиски компоненти т.е без фосфати и хлор. Средствата за миење садови ги избелуваат ткаенините, многу поефикасно од некои детергенти за алишта. Меѓутоа не сите, некои можат да ги обојат. Проверете прво на мало парче ткаенина пред да го користите детергентот за оваа намена.




Водород пероксид (Хидроген 3%). Водородот пероксид може да се користи и за избелување на многу површини во домот. Ова ефикасно средство кое може да послужи и за дезинфекција, исто така, може да се додаде за време на перењето на алиштата во машината.

Различните препарати, кои содржат високо количество на хемиски соединенија, често може да предизвикаат алергии. Затоа, доколку е возможно, секогаш потрудете да користите природни производи, кои се многу поефикасни и притоа нема да му наштетат на вашето здравје.