EKCTPEMHO ВКУСЕН И ЗДРАВ РЕЦЕПТ ЗА ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ: без брашно, шеќер и масло. Вкусен колач кој ќе ве изненади со вкусот колку е сочен, се подготвува многу брзо и лесно, потребен ви е само еден блендер.




Потребни состојки: 2 големи банани (350 г), 1 голема лажица мед, 1 голема лажица густ јогурт или павлака (20 г), 1 полна голема лажица какао, 1 мала чајна чаша кокос (80 г), 1 кесичка ванилин шеќер, 1 кесичка прашок за печиво, 2 јајца отстојани на собна температура.




Уште ќе ви бидат потребни: 60 г темно чоколадо, 60 мл млеко или половина мала чаша. Постапка: Излупете ги бананите и исечете ги на помали парчиња, па ставете ги во блендер да се изблендираат во еднолична, густа смеса.




Потоа во блендерот додајте една лажичка мед и густиот јогурт. Потоа додајте го кокосот, полна лажичка какао, ванилиниот шеќер и прашокот за печиво. Повторно изблендирајте ја смесата до соединување.




Потоа во посебен сад се додаваат двете јајца и пенасто се разматуваат со миксерот, па во нив се додава чоколадната смеса која претходно ја изблендиравте. Сè се соединува со шпатула, па смесата се излева во огноотпорен сад 20×20 цм.




Колачот се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 30-тина минути. Во меѓувреме, на пареа се растопува темното чоколадо заедно со половина чаша млеко. По печењето на колачот, со чепкалка за заби се боцка на неколку места.




Одозгора се прелива со чоколадната глазура и колачот се става околу 15-20 минути во фрижидер да се стврдне. Колачот се подготвува многу едноставно и лесно, измати и излеј и потоа се става на печење. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.




II РЕЦЕПТ. Евтин и вкусен чоколаден колач кој просто се топи во уста. Рецепт на Милица Михајловиќ. Потребни состојки: 250 мл јогурт, 100 мл масло, 100 мл млеко, 3-4 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер, 7 лажици брашно, 3 лажици какао во прав, 1 прашок за печиво и 200 мл сок од портокал за полевање.




За фил: 1 литар млеко, 3 пудинг од чоколадо и вкус на портокал, 5 лажици шеќер, 100-150 г чоколадо. Постапка: Во еден сад ставете јогурт, масло, млеко, шеќер и ванила, па убаво со жица за матење изматете додека да се соединат состојките. Во друг сад измешајте го брашното со прашокот за печиво и какаото, па додајте ги сите суви состојки во течната смеса, па добро промешајте.




Во меѓувреме рерната загрејте ја на 180-200 степени, па добиената смеса излејте ја во плех со средна величина, претходно намастен со путер или маргарин. Ставете да се пече 10-15 минути или во зависност од вашата рерна и проверете со чепкалка кога е готов. Печената кора извадете ја од рерна малку да излади, а потоа прелијте ја со ладен сок од портокал.




За фил: Во 200 мл млеко убаво промешајте го прашокот за пудинг да нема грутчиња, а остатокот од млекото ставете го на оган. Кога ќе зоврие постепено додавајте го разматениот пудинг со постојано мешање, додека да згусне.

Додека е топол пудингот во него додајте искршено чоколадо и промешајте додека да се растопи и соедини. Толиот пудинг нанесете го врз печената кора, натопена со сок од портокал, па рамномерно израмнете.