НАМЕСТО САЛАТА, НАПРАВЕТЕ ГО ОВОЈ НАМАЗ ЗА 5 МИНУТИ-секој што ќе го проба, ќе ви побара рецепт

НАМЕСТО САЛАТА, НАПРАВЕТЕ ГО ОВОЈ НАМАЗ ЗА 5 МИНУТИ-секој што ќе го проба, ќе ви побара рецепт. Рецепт од каналот Француски Зачин – Хрватски Начин. Вкусен намаз од модар патлиџан, кој изгледа превкусно.




Потребни состојки: 2 поголеми модри патлиџани, 1 чешне лук, неколку пињоли (семки од бор, може да се набават од поголемите маркери), маслиново масло по потреба, 1 лажица сок од лимон, соја сос, сол и црн пипер по потреба.




Постапка: Намазот се подготвува многу лесно и брзо. Модрите патлиџани пресечете ги на половина по должина. По средината, односно месестиот дел направете пресеци во форма на буквата „X” без да ја пресекувате кората.




Добро посолете ги доматите, и во внатрешноста и оставете ги да отстојат така половина час. По изминатото време, со хартија, отстранете го сокот и влагата што солта ќе ги извлече.




Добро премачкајте ги патлиџаните со маслиново масло и ставете ги на печење во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 30-45 минути во зависност од големината на модрите патлиџани.




По печењето, со лажица, извадете ја внатрешноста на патлиџанот без кората и префрлете ја во посебен сад. Во смесата додајте го ситно сечканиот лук, соја сосот, солта и црниот пипер по вкус.




Сите состојки добро соединете ги, а во меѓувреме малку пропржете ги пињолите, изблендирајте ги и додајте ги во смесата од модри патлиџани. Сето изблендирајте го со рачен блендер или во обичен и вашиот намаз е спремен за послужување. Деталите од целата постапка погледнете ја во видеото ОВДЕ. Покрај овој намаз направете и мајонез:




Во продолжение прочитајте како да направите домашен мајонез кој ќе го подготвите за помалку од 1 минута. Домашниот мајонез е далеку повкусен од купечкиот, не содржи конзерванси и не е ште-тен.




Може да го приготвите во секое време бидејќи е готов за 1 минута, а домашните ќе уживаат во вкусот и со сигурност ќе бараат уште. Домашниот мајонез може да го сервирате скоро во секое јадење: пица, тестенини, печени пиперки со јајце, а највкусен е како дресинг во салата. Превкусен е, лесен и поздрав од купечкиот.




Потребни состојки: 400 мл масло, 1 супена лажица свежо исцеден лимонов сок, 2 свежи јајца со средна големина, сол по вкус. Постапка: Во длабок сад додајте го маслото, јајцата, лимоновиот сок и додадете сол по вкус.

Со маталка измешајте ги сите состојки да се соединат добро, а потоа уживајте во вкусот. *Од оваа количина излегува мала порција мајонез, па доколку ви се чини малку, може да ја дуплирате дозата.




Тоа беа основните состојки на мајонезот. Но, доколку сакате да експериментирате може да додадете 100 г мелени индиски ореви и малку лук во прав. Ќе се воодушевите од вкусот и повеќе никогаш нема да ви текне на купечкиот мајонез.

Претходна статијаНЕЖЕН КОЛАЧ СО ЈАБОЛКА – ШАРЛОТКА: Се топи во уста, мирисен и вкусен
Следна статијаСОВРШЕНО БЕЛИ И ЧИСТИ ЗАВЕСИ: Додајте две состојки во машината за перење