Многу едноставни и вкусни, често ги правам.

Потребни состојки: 2 јајца, 200 мл јогурт, 160 мл масло, 1 чаша (од 200 мл) шеќер, 2 чаши (од 200 мл) брашно, 2 ванилин шеќер, 1 прашок од печиво, 100 г црно чоколадо и 300 г вишни

Постапка: Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилин шеќерот додека да се растопи, па додадете јогурт и масло.

Брашното измешајте го со прашок за печиво, па соединете го со изматената смеса.

Чоколадото исечкајте го на коцкички, па додадете ги во смесата и промешајте со лажица.

Додадете 2/3 вишни претходно исцедени од сокот и наросени со лажица шеќер.

Смесата ставајте ја во калапи по желба: ако се силиконски нема потреба да ги намастувате, а другите намастете ги со путер или ставајте хартиени корпички.

Врз секој мафин боцнете по неколку вишни. Печете ги 20-тина минути на 200 степени.

Послужете по желба, со растопено млечно чоколадо со лешник, или некој друг овошен прелив.