Класичен рецепт за СУТЛИЈАШ со 1 литар млеко и 1 чаша (200г) ориз

Фото и рецепт: Јелена Павловиќ

Веројатно многумина ќе речат зошто овој рецепт кога сите го знаеме и го правиме. Навистина, општо е познат, но има и мали „готвачки тајни“ кои овој едноставен десерт може да го направат совршен. Ова е начинот на кој јас го приготвувам, па можеби ќе ви послужи ако се двоумите како да го направите.

Потребни состојки:

1 литар млеко

200 г ориз

Loading...

1 прстофат сол

8 лажици шеќер

1 ванилин шеќер

Малку цимет

1 лажичка путер ( не мора ако не сакате)

Вода колку да се прекрие оризот и уште 150 мл вода подоцна

Постапка:

Оризот добро измијте го и исплакнете го, па ставете го на оган да се готви. Ставете вода колку да биде прекриен оризот и прстофат сол.

Мешајте додека да зоврие, па додадете околу 150 мл вода, но не одеднаш, туку малку по малку, на неколку наврати.

Како што оризот ќе набабрува а водата испарува, вие полека додавајте вода и цело време мешајте за да не ви загори на дното.

Кога водата ќе испари, започнете со додавање на млекото, на ист начин, полека и постепено, а за цело време мешајќи, додека да ја потрошите целата количина.

На овој начин сутлијашот би требало да биде готов за околу 20 минути. Тргнете ја шерпата од рингла, додадете ванилин шеќер и шеќер, промешајте и вратете уште некоја минута да се вари. Во оваа фаза можете да додадете и мала лажичка путер, но не е задолжително ако не сакате.

Оставете го сутлијашот малку да одмори, па распоредете го во соодветни чинии. Преку сутлијашот наросете цимет. Уживајте!

Фото и рецепт: Јелена Павловиќ

Коментар на Cvetanka Mazneva Pop Petrova: “Кога на оваа количина пред крај ќе се додаде 1 кафена лажичка нишесте разматено со малку вода се добива превкусен сутлијаш.”

Loading...