Home Рецепти Совршен колач од три состојки, готов за трипати по петнаесет минути!

Совршен колач од три состојки, готов за трипати по петнаесет минути!

Потребни состојки:

3 јајца

120 г бело чоколадо

120 г несолено крем сирење на собна температура

Постапка:

Најпрво одвојте ги жолчките од белките. Белките оставете ги во фрижидер, а рерната вклучете ја на 170 степени за да се загрее. Белото чоколадо искршете го и растопете го на пареа. Кога малку ќе излади, измешајте со крем сирење кое отстојало на собна температура.

Додадете жолчки и се’ измешајте со лопатка (шпатула). Извадете ги белките од фрижидер и добро изматете ги така да добиете цврст снег.
Потоа измешајте ги со пластична шпатула снегот од белки и филот од крем сирење и чоколадо (погледнете го видеото).

Добиената смеса истурете ја во намастен калап (15 см), неколку пати подигнете го грубо и спуштете го за да излезе целиот воздух, а колачот во текот на печењето да не испука.

<

Ставете го во поголем плех кој сте го наполниле со врела вода. Печете точно 15 минути на 170 степени, потоа 15 минути на 160 степени, потоа исклучете ја рерната и оставете го колачот да отстои уште 15 минути.

Извадете, оставете целосно да излади, а потоа украсете со шеќер во прав.