Некои совети од нашите баби сепак треба да се пренесуваат од колено на колено, бидејќи тие можат да ни помогнат во одржување на витата фигура. Сигурно сте пронашле слики од вашите баби и дедовци во старите семејни албуми, кои во младоста, а подоцна и во зрелите години биле вити и имале совршена фигура.

Верувале или не, нашите баби некогаш биле млади и имале слични грижи за својот изглед како и денешните жени. Иако можеби не биле толку опседнати со слабеењето, важно им било како изгледале и се грижеле за своето тело и храната што ја јаделе.

Нашите баби немале пристап до автомобили како денес и пешачеле многу повеќе, а пешачењето е одлична активност за согорување калории и за одржување на здравјето. Секогаш кога имате прилика, пешачете што е можно повеќе.

Избегнувајте да јадете индустриски преработена храна. Зголемената консумација на индустриски преработена храна игра голема улога во тоа што голем број луѓе денес имаат проблеми со прекумерната тежина. Постарите генерации јаделе многу помалку преработена храна и биле многу поздрави и немале проблеми со вишокот килограми.

Избегнувајте оброци пред телевизор. Многумина од нас не можат да ја гледаат омилената серија без да грицкаат нешто на страна. За жал, јадењето пред телевизор е многу лоша и нездрава навика од која дефинитивно треба да се ослободите. Нашите баби немале телевизор, но и кога имале, не практикувале да јадат пред него. Избегнувајте оброци пред телевизор или компјутер, бидејќи тоа ќе ја намали веројатноста за нерационално прејадување.

Гответе дома колку што е можно почесто. Прекрасно е да се јаде во ресторан или да се нарача храна, но нашите баби не ни размислувале за такви работи. Доколку сакате да се храните здраво, подгответе ги самите оброци. Обидете се да готвите дома најмалку пет пати неделно. Не само што ќе заштедите калории, туку и ќе заштедите пари.

Јадете органски одгледана храна. Повеќето луѓе некогаш имале своја градина или купувале храна од локални одгледувачи. Вашата баба сигурно не јадела замрзната брокула или конзервирана праска.

Ако имате пристап до пазар, запознајте ги локалните одгледувачи и набавете ја храната исклучиво од нив, барем во текот на летните месеци. Јадењето сезонска храна е многу поздраво и ќе ви помогне да изгубите тежина, а градинарството е покорисно отколку да одите во теретана.

Јадете помали порции. Еден од најдобрите совети од нашите баби е дефинитивно поврзан со контролата на порциите. Имено, многу истражувања покажале дека денес јадеме многу поголеми порции храна отколку што јаделе луѓето порано. Нашите баби и генерациите пред нив јаделе многу помали количини храна, што значи дека внесувале многу помалку калории и тоа резултирало со здрава и нормална тежина.

Најдете си хоби наместо храна. Ако храната ви претставува проблем навечер, тогаш обидете се да најдете друга активност или забава за да ви го одвлече вниманието. Хобијата како плетење, цртање, читање, пишување се само дел од предлозите кои ќе ви ги држат рацете и умот зафатени за да не размислувате за храна или да се доведете во ситуација да се прејадувате доцна навечер.

Постарите генерации имале свои вечерни забави, не користеле ТВ или компјутер и тоа е еден од начините на кои успеале да го задржат внесот на калории под контрола. Во продолжение прочитајте за една многу ефикасна вежба која помага во слабеењето и согорувањето на мастите.

Оние кои се занимаваат со спорт веруваат дека нема слабеење без трчање. Опипливи резултати за слабеење може да се постигнат со трчање на овој начин: Ако трчате брзо 1 минута, потоа полека 3 минути, а потоа повторно да го забрзате темпото – тоа е одличен начин за губење на тежината и со сигурност нуди резултати.

Но, познатиот лекар-рехабилитатор Петар Попов верува дека трчањето на стол или клупа дава најдобри резултати за слабеење. Кога трчате на стол, го тренирате целото тело, ја контролирате рамнотежата и се грижите за координацијата на движењата.

д-р Петар Попов

Телото се стега, бидејќи чувствува опасност – внимавајте да не паднете, да не се лизнете, да не се превртите. Поради оваа напнатост се согорува голема количина на калории, а во процесот се вклучени сите мускули.

Доктор Попов смета дека оваа вежба придонесува за подобро држење на телото, поголема самодоверба, но и грациозност. Напомена: Луѓето кои страдаат од силни главоболки и вртоглавици не смеат да ја практикуваат оваа вежба! Како изгледа вежбата погледнете ОВДЕ.