Постојат мажи кои ги сакаат своите жени, ги почитуваат и никогаш не ги изневеруваат, а има и такви кои немаат почит кон своите сопруги и секогаш кога за тоа имаат можност вршат прељуба, тајно или јавно. А, кога станува збор за жените и причините поради кои тие влегуваат во неверство, се чини дека се малку покомплексни од оние кај мажите.

Голем процент од жените се убедени дека мажите се секогаш виновни кога потфрлаат во нивната верност, но според некои психоаналитичари, не е мажот секојпат виновен, туку и жената има улога во прељубата на сопругот и со своето однесување „го фрлаат“ во туѓа прегратка.

Кога жената е неверна, најчесто наведените причини се: незадоволството од бракот или врската, особено ако жената имала големи очекувања и мислела дека ќе живее како во бајките на Дизни, разочарување во мажот, потреба за промена и недостиг на вниманието од почетокот на врската, кое со текот на времето полека се гаси..

Познатиот психолог Михаил Лабковски вели: „Ако жената се однесува како жртва во бракот или врската, тоа не е најдобра опција за неа. Со текот на времето, мажот се навикнува да ја сожалува и тоа му станува нормално. Но, мажите не сакаат вакви жени. Сакаат весели жени кои го сакаат животот и кои се сакаат себеси.

Голем број жени остануваат во брак со маж кој ги изневерува, а најчеста причина поради која остануваат се нивните деца. Му го простуваат секое неверство, а тоа никогаш не треба да го прават. Ако прости еднаш, сигурно ќе прости и втор и третпат“, посочува Лабковски, односно, ако еднаш се случило неверство, тогаш сигурно ќе се случи и вторпат и третпат…

„Жената која простува предавство на мажот во никој случај не покажува дека се почитува себеси. Ако жената се сака и почитува себеси, мажот ќе се однесува кон неа на ист начин. Честопати жените не се ни трудат да го задржат мажот, па дури и оние кои се трудат, често го прават тоа на погрешен начин“, вели Лабковски.

Мислат дека ако променат нешто на себе, ако одат кај козметичар на некој третман за убавина, ќе направат мажот да се заинтересира за нив. Иако често зборувам за тоа, многу жени не разбираат дека физичкиот изглед не е најважен и дека на тој начин жената нема да го задржи мажот покрај себе.

Единственото и најважно нешто што може да ви помогне да го задржите мажот и да го натерате да ве сака и никогаш да не ве изневери, е да бидете свои. Правете го она што го сакате и што ве прави среќни и вашиот маж ќе ве сака поради тоа. Мажите сакаат весели жени и не сакаат покрај себе жена која не се грижи за себе и која не се грижи за својата внатрешна состојба.

Престанете постојано да размислувате за вашиот физички изглед, престанете да се грижите за работи кои не можете да ги контролирате. Почувствувајте го животот и бидете среќни. Жената која е страсна, која е интересна и која пред сѐ се сака себеси секогаш ќе успее да задржи маж покрај себе.

Покрај ваква жена, мажот никогаш нема да погледне во друга жена или да почувствува потреба да ја изневерува.“ Лабковски вели дека за нормална жена бракот е дел од животот. Ако жената му го посвети целиот живот на мажот, тоа само значи дека никогаш немала свој живот.

За разлика од него, психологот Зоран Миливојевиќ смета дека треба да се даде втора шанса ако се случило неверство и објасни кога жените почнуваат да бараат нов маж и да изневеруваат:

„За да дојде до тоа жената да го изневери сопругот, мора прво да се разочара од него, па дури потоа да бара наоколу и кога ќе најде симпатија, таа мора да се вљуби за да може да го изневери сопругот. Сè додека врската со сопругот е во ред, жената нема потреба да бара друг партнер. Повеќе од интервјуто со д-р Зоран Миливојевиќ прочитајте ОВДЕ.