Стареењето е природен дел од животниот циклус, но тоа не значи дека стареењето на нашите родители и другите членови на семејството во посериозните години е лесна работа и безазлена работа за нас, напротив, во некои случаи е многу деликатна ситуација.

Доцните години носат слабост со која секој тешко се помирува, па улогите полека се менуваат, односно, тие што до пред некоја година се грижеле за нас додека сме биле мали, сега се немоќни и треба ние да се грижиме за нив, едноставно затоа што тие се разболуваат и се немоќни во сопствената снага.

Меѓутоа, честопати се случува децата да ги запостават своите стари родители, па дури и да заборават на нив, особено ако заминале во странство или се борат за егзистенција на своето новоосновано семејство.

Ретко, но постојат и такви случаи, кога децата од егоистични и себични причини целосно забораваат на своите родители кога тие веќе не можат парично или на друг начин да им помогнат.

Овие случаи се ретки, но секако треба да се споменат, зашто се чини дека во поново време се сè почести.

Кај постарите луѓе, изолацијата може да доведе до депресија и повлекување, а истражувањата покажале дека дури и најскромниот знак на внимание може да го намали нивното чувство на беспомошност и да го подобри нивното ментално и физичко здравје.

Тажно е кога која било мајка на овој свет чувствува дека е сама, заборавена, запоставена од своите деца. Ова е исповед на една мајка која ви ја пренесуваме во целост.

„Имам 65 години и живеам сама. Имам две деца, син и ќерка кои имаат свој живот далеку од овде, имаат свои деца и свои проблеми.

Не им се јавувам, чекам да се сетат на мене, а тоа се случува многу ретко. И оваа година заборавија да ми го честитаат роденденот. Нема врска, не ги обвинив поради тоа.

Знам како се чувствуваат, и јас сум била фрустрирана на нивна возраст. Премногу се распарчував грижејќи се како да ги подигнам и да обезбедам сè што им е потребно.

Мило ми е што успеав да ги едуцирам и да направам добри луѓе од нив, но жал ми е што бев толку нервозна во младите години и имав стресни ситуации речиси за сè. Зошто?

За сега да бидам сама и да седам цел ден затворена во четири ѕида чекајќи да ми заѕвони телефонот, барем некој да ми каже „Среќен роденден“ и да ме праша како сум? Се чувствувам некако како шугаво и напуштено како куче.

Ама, добро… Сепак сум благодарна. Можам сè самa, сè уште.

Секогаш можам да си најдам хоби и да ја задржам позитивната страна на моите мисли. И ќе се молам Господ секогаш да ви е на помош.

Ќе се молам животот да не ви ја даде судбината што мене ме снајде. Ќе се молам децата ваши да ве те заборават како што ви е мене ме заборавивте, иако сте биле добро родители и секогаш сте биле тука за нив.

Нека… не ве обвинувам. Но, ќе се сетите на мене дури тогаш кога мене ќе ме нема повеќе.

Ќе се сеќавате на моите родендени и ќе ми ги честитате на Фејсбук, ќе се сетите можеби и на некои мои зборови или на некои ситуации кога сте згрешиле, но вашата мајка била покрај вас да ве утеши.

Тогаш ќе станете свесни дека сте и’ згрешиле на својата мајка, не со некое дело, туку едноставно дека сте ја заборавиле. Вашата мајка ве донела таму каде што сте и тоа не смее да се заборави туку така.

Но нека… Сè додека сум жива, ќе бидам тука за вас, без разлика на сè“. Извор Стил, преработи НМД.мк