СОСЕТКИТЕ МИ ЉУБОМОРАТ ПОРАДИ ОВАА ПИТА: Запишете си го рецептот, и кај вас ќе стане задолжителна секојпат кога ќе имате гости…

Питата е многу вкусна, крцкава однадвор, а внатре полна со вкусен фил. Ова е мој 40 годишен стар фамилијарен рецепт. Сите состојки пред подготовката треба да бидат отстојани на собна температура. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

224 г цврст јогурт или кисела павлака (1 чаша од 200 мл)
100 мл масло
3 јајца (оставете две жолчки за премачкување)
1 супена лажица квасец
1 мала лажичка сол
4-4,5 чаши брашно (450 г +-)

За фил: 200 г бело сирење и 1 китка свеж магдонос
За премачкување: 150 грама путер

ПОСТАПКА:

Во садот за матење измешајте ги јогуртот, маслото, јајцето и квасецот. Постепено додавајте го брашното помешано со сол и замесете меко тесто. Покријте го и оставете го да отстои 40 минути за да ферментира и да го зголеми волуменот.

Премесете го малку нараснатото тесто за да излезе воздухот од него, па поделете го на 4 еднакви делови. Посипете малку брашно за да не ви лепи. Секое обликувајте го во топче, па развлечете го во кора. Премачкајте ја кората со растопен путер.

Започнете со диплење на кората како книга за лиснато тесто, а секоја нова површина премачкувајте ја со растопен путер. Подготвените „книги“ оставете ги завиткани во кеса на ладно додека ги работите останатите теста.

Кога ќе ги развиете сите четири дела, наредете ги во некој сад, покријте ги со кеса и оставете ги да отстојат во фрижидер 30 минути.

По изминатото време земете едно од тестата и развлечете го во правоаголна форма. Пресечете го на половина, по должина ставете фил и свиткајте две тенки ролатчиња.

Исечете ги на парчиња со широчина од два прста.

Обликуваните печива наредете ги во тепсија обложена со хартија за печење. Премачкјате ги жолчка и вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени.

Печете ги додека да добијат убава кафеавозлатна боја. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ.