Рецепт за домашен сос од домати без шеќер и конзерванс, многу е вкусен и здрав, а може да се пие и како сок. Доматите традиционално многу често се присутни на нашите трпези. Тие се идеална храна, особено за топлите периоди кои се пред нас.
Богати се со вода, малку калории, а од друга страна имаат многу хранливи, па дури и лековити материи. Нашата земја е позната по одгледување на многу вкусен домат, најчесто во струмичкиот и скопскиот регион.
Најпознат е вкусниот јабучар, со розикава боја и специфични вкусовни карактеристики. Досега, науката потврди многу лековити својства кои ги поседува сокот од домати, а меѓу најважните секако се оние кои го олеснуваат варењето на храната, помагаат да се исфрли вишокот течности од телото и во намалувањето на крвниот притисок.
Еве што ви е потребно за приготвување на сокот:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ и подготовка: 8 кг домати излупете ги од тенката лушпа. За таа цел најлесно ќе се отстрани лушпата ако претходно доматите ги засечете на задниот дел во вид на „плус“ и кратко ги спуштите во врела вода и веднаш потоа во ледена ладна вода.
Откако ќе ги излупите и исчистите од тврдите делови, доматите сомелете ги или изблендирајте го кашеста смеса без грутки. Може да користите блендер каков што имате, а ако е помал, доматите блендирајте ги на неколку наврати.
Добиениот сок ставете го на оган да зоврие, па малку намалете ја температурата и додека се вари собирајте ја и отстранувајте ја пената што ќе се собира на површината. Од моментот на зовривање и собирање на пената, варете уште 5 минути.
Потоа додајте 2 лажички сол и промешајте за да се растопи. Врелиот сос процедете го низ метална цедалка директно преку инка во стерилизирани стаклени шишиња. Затворете ги шишињата добро, завиткајте ги во пешкир или ќебе и оставете ги така да се оладат.
Чувајте ги на ладно и темно место. Остатокот од цедалката вратете го на оган да се вари уште 5 минути со непрекинато мешање. Топло складирајте го во чисти стаклени тегли, затворете, завиткајте ги во ќебе и оставете така да се оладат.
Овој густ сос од домати можете да го користите за шпагети, пици или да го додавате во разни јадења за подобрување на вкусот. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.
Следно прочитајте: „Сок од домати на 2 начини: ги топи масните наслаги, лекува анемија и спречува тромбоза“ – ОВДЕ.
Сок од домати на 2 начини: ги топи масните наслаги, лекува анемија и спречува тромбоза