Овој сомун-лепиња можете да го користите за ќебапи, но и за одлични сендвичи кои можете да си ги понесете на работа или на излет. Домашниот сомун е најдобриот леб кој можете да го приготвите.

Кога врел ќе го извадите од рерна, најдобро е да го премачкате со кајмак кој од топлината ќе се растопи. Уште подобро е ако го приготвите за вечера, па да го послужите со кромид, ќебапи и зелка салата.

Оваа богата вечера секого ќе го воодушеви, а домашните особено ќе се израдуваат. После ваков добар оброк послужете некој домашен колач од нашата богата архива со рецепти. Нема ништо подобро од домашни приготвени печива… Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г брашно, 200 мл вода, 1 лажичка сол, 1 лажичка сув квасец (1/2 кесичка), 20 г шеќер, 20 мл масло

ПОСТАПКА: Во млака вода растворете го шеќерот, додајте го квасецот, па промешајте. Оставете го 5 минути на топло за да се активира и запени, па додајте го во брашното заедно со маслото и солта.

Замесете го тестото додека тоа да стане компактно, мазно и еластично. Покријте го со фолија или кујнска крпа и оставете го да стасува на топло место без провев, околу еден час додека да ја удвои својата големина.

Потоа тестото поделете го на десет делови, формирајте топчиња, па покријте ги и оставете ги да одморат дваесет минути. Секое топче малку наросете го со брашно, па со помош на оклагија развлечете тркалезна кора.

Тестата редете ги со помош на лопатка во претходно вжештен плех и ставете ги да се печат во загреана рерна на 250 степени околу 5 минути. Тие многу брзо ќе нараснат како балон, а бидејќи се тенки, за 5 минути ќе се испечат. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.