Не мора повеќе да го купувате овој кашкавал, бидејќи со овој рецепт, и сами, во домашни услови можете да направите вкусен и квалитетен кашкавал познат како „чедар“, кој всушност е еден меѓу наjпознатите.




Пoзнатиот англиски кашкавал „чедар“ сега можете да го направите и вие. Потребни ви се само 5 состојки и малку да отстои во фрижидер. Чедар е белузлав кашкавал и релативно тврд, но може да биде и со портокалова боја ако му се додаде зачин како што е анат.




Ова е најпопyлаpниот кашкавал/сирење во Велика Британија, но и во Америка. После моцарелата, луѓето најчесто се определуваат за чедар. Истиот може да се користи и при подготовки на тестенини, а претставува одличен избор кога се прават макарони со сирење/кашкавал. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 литар млеко (5 чаши), 1 лажичка сол, 15 г путер, 200 г рендан тврд кашкавал, 6 лажици пченкарен скроб/нишесте/густин




ПОСТАПКА: Во едно тенџере на оган ставете 1 литар млеко (5 чаши од 200 мл), една мала коцка (15 г) путер и една полна лажичка сол. Промешајте со жица маталка и почекајте додека путерот да се растопи.




Додека млекото се загрева, земете 200 г тврд кашкавал и ситно изрендајте го на ренде. Кога путерот ќе се растопи на умерено-средна температура, додајте 6 лажици пченкарен скроб/нишесте, па промешајте додека се раствори, да нема грутчиња.




Во топлото млеко додајте го ренданиот кашкавал. Мешајте непрекинато додека кашкавалот целосно се растопи и раствори во млекото. најпрво тој ќе стане растеглив како гума, но за кратко време убаво ќе се раствори во хомогена смеса.




Мешајте непрекинато со лажица или шпатула додека целата смеса убаво да згусне, како пудинг на пример. Потоа тргнете го тенџерето од оган и оставете малку да подизлади, па истурете го во обложен калап или пак исечена третрапак кутија од млеко.




Калапот/тетрапакот добро протресете го за да се распореди рамномерно и да излезат евентуалните воздушни меурчиња, па ставете го во фрижидер за да се стегне, најдобро преку ноќ или најмалку 4-6 часа. Потоа извадете го чедарот од калап, сечете го и послужете се. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ.