Многу вкусни штрудли, се надевам ќе ви се допаднат.

Потребни состојки: 150 мл млака вода, 20 г квасец (2 кесички сув), 1 лажица шеќер, 1 лажица брашно, 1 кг брашно Т-500 остро, 1 лажица сол, 150 г путер, 2 жолчки, 500 мл јогурт

Потребни состојки за фил: 250 г шунка исечена ситно, 200 г кашкавал и околу 100 г маргарин или путер

Постапка: млаката вода измешајте ја со шеќерот, додадете го квасецот, промешајте и наросете една лажица брашно. Промешајте добро и оставете 10-тина минути да се активира и запени.

Во посебен сад ставете 1 кг брашно, додадете сол, путер, жолчките, јогурт и стасаниот квасец. Убаво полека замесете, а на крај истресете го тестото врз набрашнета работна површина, па домесете го тестото додека да стане мазно и еластично.

Чист сан намастете го со масло, па ставете го тестото и од сите страни полијте го со масло. Покријте го со чиста крпа и оставете го да стасува на топло место.

Стасаното тесто во садот добро истискајте го за да излезе целиот воздух, онака со тупаница. Истресете го на работната површина, па поделете го на два дела.

Развлечете ја едната половина во кора со форма на правоаголник и притоа наросувајте брашно по потреба.

Развлечената кора премачкаје ја со маргарин, наредете шунка преку целата површина (оставете само 5 см од едната страна која ќе биде крај. Преку шунката изрендајте кашкавал.

Внимателно и убаво виткајте го тестото во ролат, а на крај затворете ги страните. Намастете ја тепсијата или калапот или ставете хартија за печење. Ставете ја штрудлата, покријте ја оставете ја да мирува за да стаса.

Потоа премачкајте ја одозгора со јајце и малку млеко или само со путер и ставете ја да се пече во загреана рерна на 200 сепени додека убаво да зарумени. Истото повторете го и со втората штрудла. Филот по желба можете да го менувате.

Coolinarika.com