Сочно ќофте: рецепт кој мора да го имате. Ќе го воодушеви секој гостин

Ова е познато старо македонско јадење.

Потребни состојки:

500 г мелено месо
1 кг кромид
2 компири
1 чешне лук
1 лажичка црвен пипер во прав
1 лажица доматно пире
2 ловорови листови
сол и цен пипер по вкус

Постапка:

Кромидот исечкајте го ситно и пропржете го на малку маслиново масло. Додадете ловоров лист, доматно пире и црвен пипер.

Loading...

Динстајте додека кромидот да се омекне и распадне. Во меленото месо додадете ситно сечкано лукче и варен испасиран компир.

Правете ќофтиња и пропржете ги додека да заруменат.

Пржените ќофтиња наредете ги во тепсија и прелијте ги со сосот од кромид. По желба можете да додадете уште дотен сос.

Печете ги еден час во рерна загреана на 180 степени, под капак или фолија, а пред крај тргнете го капакот за да се запечат.

recepti.com

Loading...