Во четвртокот во Србија беа регистрирани три смртни случаи, со што бројот на починати се искачи на седум. Бројот на заразени се искачи за 73 на 457. Од коронавирусот во Србија досега се опоравиле 15 луѓе.

Епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ на редовната конференција за коронавирусот во Србија доживеа многу емотивен момент кога заплака откако ја објави веста за седмата жртва.

Најпрво не можеше да ги пронајде вистинските зборови за овие тажни вести, па низ солзи порача:

“Ние сме единствениот народ на чиј грб пишува четири “С”, само слогата на Србите спасува. Дали е можно ова да не можеме да го исполниме? Тешко ми е кога некој умира, сигурно на сите им е тешко…”

Потоа д-р Тиодоровиќ, ценетиот епидемиолог истакна дека следните 15 дена ќе бидат многу тешки и дека ќе биде потребна челична дисциплина.

“Народот мора да знае, ќе имаме сè повеќе заболени, за жал и починати. Затоа мора да бидеме свесни. Гледам луѓе по градовите, многу се рашетани, не носат маски… јас ги разбирам, но мора да сфатиме дека мора да ги испочитуваме процедурите” – рече тој.

“Потребно е да ги смириме страстите и незадоволството, без разлика дали е оправдано или неоправдано и да се придржуваме кон правилата. Апелирам до сите и граѓани и политичари, да ги оставиме на страна оние приказни кои не ни помагаат” – објаснува Тиодоровиќ.

Во Србија го забележаа и осмиот смртен случај на корона вирус, а тенисерот Новак Џоковиќ најави дека ќе донира милион евра за набавка на респиратори и медицинска опрема.