Солени маргаритки…Меки се како памук со крцкава кора од сусам…Колку и да направам, се изедуваат до последно…Фото и рецепт: Јелена Павловиќ
Ова солени печива се многу убави, а особено шмек му дава натопувањето во слаткиот раствор од вода и мед. Приготвени на овој начин, печивата стануваат крцкави однадвор, а однатре се меки како памук.
Потребни состојки:
400 г брашно
1 сув квасец
1 лажичка сол
3 лажички шеќер
9 лажици масло
200 мл топла вода
за фил: измешајте рикота и фета сирење со една белка
за натопување на маргаритките:
200 мл вода
2 големи лажици мед
Сусам за наросување (околу 200 г)
Постапка:
Сите состојки што се наведени за тесто измешајте ги и измесете убаво мазно тесто. Оставете го да ферментира околу 1 час и 15 минути за да се удвои.
Потоа, развлечете го тестото во кора со дебелина од еден прст. Со модла вадете ги маргаритките (ако немате ваква модла, можете да импровизирате со некоја друга или со чаша).
Измешајте вода и мед, па маргаритките поединечно потопувајте ги во таа течност, а веднаш потоа валајте ги во сусам и редете ги во плех обложен со хартија. Оставете ги да ферментираат најмалку 30-40 минути додека убаво да нараснат.
Потоа, со ракиена чаша притиснете ги во средината и направете мало вдлабнување во кое ќе ставите фил. Маргаритките печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 20-тина минути.
Фото и рецепт: Јелена Павловиќ