Солен јогуртен колач – вкусен појадок набрзина и сите се задоволни

Кога ни се јаде нешто убаво, а набрзина, а во фрижидерот немаме којзнае што, тогаш за појадок го јадеме ова…

Потребни состојки:

1 чаша (180 г) јогурт

2 јајца

2 чаши брашно

½ чаша масло

½ чаша млеко

1 прашок за печиво

Сол, црн пипер

За фил:

1 чаша рендан кашкавал

1 чаша сечкана шунка

Маслинки по желба

Постапка:

Со миксер изматете ги јајцата (цели), па додадете јогурт, брашно помешано со прашок за печиво, па постепено додавајте масло и млеко, смесата да не биде прегуста.

Изрендајте кашкавал и исечкајте шунка по количина од јогуртна чаша, додадете зачини, па полека промешајте ги во тестото.

Набоцкајте маслинки одозгора (доколку сакате), а можете и да изрендате тиквичка, но не мора.

Излејте во намастен плех и печете 25 минути на 180 степени.

Мерките се чаша од јогурт, но ако сакате поголема количина зголемете ја величината на чашата и количината на состојките.

Претходна статијаРешете се од подуеноста во стомакот за 60 секунди
Следна статијаФЕНОМЕНАЛНИ СЛАТКИ МАФИНИ