Во продолжение следи рецептот како да подготвите природен сок од бобинки од смрека за слабеење, а одличен е и за регулирање на шеќерот

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г смрекинки (исчистени и зрели бобинки)
3 литри вода
1 лимон

ПОСТАПКА:

Ставете ги бобинките од смрека во стаклена тегла 3-5 литри, и прелијте ги со водата. Додајте сок од еден лимон и оставете го да отстои неколку дена (од 3 до 5 дена). Сокот е подготвен за пиење кога смрекинките ќе почнат да паѓаат на дното.

Кога сите бобинки од смреката ќе потонат на дното (задолжително следете го овој процес), почекајте сите бобинки да паднат на дното, па дури тогаш процедете ја течноста и сокот е подготвен за пиење.

Пијте секое утро по една чаша. На почетокот можете да пиете по 3 чаши дневно: пијте еден час наутро на празен стомак, а другите две чаши во редовни интервали во текот на денот, а потоа редуцирајте на една чаша, само наутро

Сокот од смрека исто така може да има ефект врз слабеењето. Сокот ја чисти крвта, ги отстранува токсичните гасови, го чисти црниот дроб. Сепак, не се препорачува за луѓе со слаби бубрези и бремени жени.

Пред употреба на препарати од народната медицина секој треба да се советува со својот лекар. И од игличките на смреката може да се приготви многу лековит препарат.

Игличките од смрека имаат прекрасен, цитрусен вкус кој добро се комбинира и во солени и слатки јадења. Речиси сите иглички на зимзелените дрвја се јадливи, а единствен исклучок е тисата.

Игличките на борот и елата имаат свој уникатен вкус, а како дополнителен бонус, овие иглички имаат и лековити својства. Смреката е иглолисно растение на кое игличките се најподложни на раст во пролетта и секогаш се на врвот од младата гранка.

Во нашата земја нема многу видови на смрека, но затоа располагаме со плетеница од пелин, бор и ела. Сите видови на зимзелени дрва се јадливи, а единствен исклучок е тисата. Станува збор за прилично голем избор на рецепти од иглолисни иглички.

Смреката е лесна за идентификување. Ќе ја препознаете по кратките и тврди иглички, кои се чувствуваат како многу поостри на допир за разлика од другите четиринари растенија. Секоја игличка изглегува од мал, дрвен израсток.

Ако извлечете една игличка, дрвениот израсток останува прикачен (за разлика од игличките на елата кои излегуваат чисти). Иглите се квадратни на напречен пресек и можат да се тркалаат меѓу прстите. Растат индивидуално од гранката за разлика од игличките на борот.

Игличките од смрека спаѓаат во лековити билки, а најпознати се во примената при лекување на кашлица и болно грло. Рецепт на читателка – Сируп од иглички од смрека за кашлица

Сирупот се подготвува многу брзо, а потребни состојки се: иглички од смрека (количински по желба) и шеќер по потреба.

Подготовка: (I) Изберете млади светло зелени иглички од смрека, ела или бор, а можете и да мешате. (II) Во широка тегла, наредете ред иглички, ред шеќер и така нагоре додека да се наполни теглата. На крај завршете со ред шеќер.

(III) Затворете ја теглата и оставете ја на сонце. (IV) Повремено можете да го отворите капакот за да излезе влагата од теглата. За време на дождливите денови, осигурајте ја добро, да не влегува вода во теглата.

(V) После 3 недели на сонце – кога шеќерот ќе ферментира во сируп и игличките ќе станат кафеави, исцедете ја смесата преку газа. (VI) Консумирајте по 2-3 лажички за болно грло.