Сокот од краставички ми помогна да решам многу други проблеми: еве што се случи

loading...

“Имав предизвик: 7 дена пиев сок од кисели краставчки: Резултатот беше неверојатен, еве што ми се случуваше секој следен ден.”

“Редовно трчам на маратони, но никогаш не дознав зошто другите маратонци пијат сок од кисели краставички по препорака на нивните тренери?

Претпоставував дека има некое влијание врз силата и издржливоста на тренингот и вежбањето, но за што точно станува збор?”

loading...

Бидејќи не верувала на фалбите за сите позитивни својства на сокот од краставички, оваа девојка одлучила самата да го испроба и да дознае за што точно се работи.

“Судејќи според експертите, сокот од кисели краставички е богат со антиоксиданти кои се борат против ракот, содржи витамини А и Е, добар е во релугирање на дигестивниот систем и регулирање на нивото на шеќер во крвта.

Затоа одлучив цела една седмица, секој ден да пијам по една чаша сок од кисели краставички.

Еве што ми се случуваше:

Ден 1

Обожувам да јадам краставици, но сепак бев исплашена со самата идеја да го пијам нивниот сок од теглата.

Ми беше потребно некое време да соберам храброст и да ја испијам првата чаша.

Бев пријатно изненадена од вкусот – беше силен и интензивен, но главно доминираше солта. Иако во себе има многу оцет, не беше премногу кисел.

Ден 2

Вториот ден ми се појавија менструални грчеви, па се надевав дека сокот ќе ми помогне.

Навистина, до крајот на денот грчевите исчезнаа.

Ден 3

Ми стана веќе нормално да пијам сок од краставички. По работата отидов на тренинг – и бев спремна на грчеви. Бев сигурна дека утрото сè ќе ме боли.

Ден 4

Бев сигурна дека мускулите ќе ме болат, но не ме болеа.

Пријатно бев изненадена, ова беше сигурно благодарение на сокот од краставички.

Ден 5

И понатаму не чувствувам никакви последици од напорниот тренинг.

Сокот веќе стана сосема нормален и составен дел од мојот ден.

Ден 6

И покрај тоа што моето момче не сака краставици, ме бакнуваше без проблем. Уште една предност на сокот од краставички – не предизвикува лош здив иако има специфичен мирис.

Ден 7

Бев среќна што на мојот мал експеримент му дојде крај – не затоа што не уживав, туку затоа што повторно ќе јадам краставици како и сите нормални луѓе.

Експериментот беше успешен.

Резултати

Не можам да кажам дали сокот од краставички ми го регулираше нивото на шеќер во крвта или ми помогна да ослабам, сигурна сум дека ми ги реши грчевите и лошите денови.

Неговата најголема предност се однесува на вежбањето, и дефинитивно и во иднина ќе го пијам.

Го препорачувам на сите мои пријатели.

loading...