Еве една интерeсна идеја која ќе ви помогне лесно и необично да ги украсите јајцата.

Потребни состојки:

Јајца

Бои за фарбање јајца

Мрежичка од вреќа за зеленчук (за компири, кромид…)

Постапка:

Сигурно сите дома имате некоја мрежаста вреќа која ви останала од пазарењето на компири или некој друг зеленчук или овошје.

Исечете парчиња со соодветна големина за да можете во парчето убаво да свиткате јајце.

Свиткајте ги јајцата во вакви мрежички и добро врзете ги со конец. Вишокот отсечете го.

Внимавајте мрежичката да не биде лабава, за да може убаво да се исцртаат нејзините контури на лушпата од јајцето.

Сварете ги јајцата и пригответе ги боите.

Секое јајце обојте го и оставете го малку да се исуши на картонот од јајца. Внимателно да не го скршите јајцето исечете ја мрежата, па премачкајте со намастено крпче.

Доколку фарбате во лушпи од кромид, јајцата врзете ги во мрежичка и ставете ги во лушпите да се варат.