Сок од смрека е природен лек за шеќерна болест: Еве како да го направите, може да помогне и во слабеење

Природата како и секогаш има лек за секоја болест, па така и сокот од смрекинки одамна е познат како лек за шеќерна болест.

Лековит сок од смрекинки кој помага во слабеење и за дијабетес

Домашен напиток од бобинки од смрека е проверен лек за шеќерна болест (дијабетес), а помага и во слабеење и регулирање на килограмите. Може да се консумира како сок или како чај.

Сокот од смрека се приготвува на едноставен начин.

Потребни состојки:

Loading...

500 г смрекинки
3 литри вода
1 лимон
Тегла од 3 литри.

Постапка:

Ставете ги бобинките во тегла и залијте ги со вода до врв. Потоа исцедете еден лимон и сокот додадете го во теглата.

Ќе знаете дека сокот е готов кога бобинките од смрека ќе почнат да паѓаат на дното.

Сокот се пие 3 пати дневно по една шолја, околу 250 мл наутро, задолжително по една шолја на празен желудник, а остатокот во текот на денот.

Можете да го заблажите напитокот, но навистина нема потреба бидејќи е многу питок и вкусен.

За слабеење: се препорачува да се пие во неограничени количества, наместо вода.

Чај од смрека

Освен сок можете да направите и чај од смрека кој:

-ги јакне нервите и желудникот,
-ја чисти крвта,
-ги одведува отровните гасови,
-а преку урината се елиминираат и лошите сокови,
-предизвикува потење,
-го чисти црниот дроб,
-ги ситни и одвојува каменчињата и песокот во жолчка, бубрези, мочен меур.

Сепак, чајот не се препорачува за лица со заболени бубрези или бремени жени.

Потребни состојки:

2 супени лажици смрекинки
500 мл вода
Мед по желба

Постапка:

Бобинките од смрека издробете ги или изгмечете ги со лажица, па ставете ги во врела вода и варете ги 3-5 минути. Тргнете го садот од оган и поклопен оставете го околу половина час. Потоа процедете го чајот и пијте..

Loading...