Оваа здрава и вкусна намирница е богата со витамини Ц, Б и К, како и минерални соли. Покрај тоа што го сакаме во речиси секоја салата и често го додаваат во разни јадења, доматот е многу корисна намирница и природен лек за многу болести.

Покрај тоа, сокот од домати може да го подобри вашето здравје на неколку начини. Ликопенот, кој се наоѓа во доматите, обезбедува заштита од атеросклероза, одредени срцеви заболувања и ја подобрува целокупната состојба на организмот.

Ова се само некои од лековитите својства на сокот од домати: го регулира метаболизмот, го зајакнува отпорот и го исфрла, вишокот течност од телото, го намалува кр-вниот притисок (ако не го солите), ја подобрува кр-вната слика, го регулира варењето на храната, има позитивен ефект во борбата против заболувања на црниот дроб, го штити панкреасот и помага при ревматизам

Научните истражувања исто така, откриваат дека сокот од домати спречува тромбоза. Особено кај луѓе со дијабетес тип 2, кои имаат зголемен ризик од формирање на тромбови. Бидејќи овој феномен е најчеста причина за срцеви и мозочни у дари, се препорачува да консумираат сок од домати, но истовремено е потребно да се намали внесувањето на натриум.

Срцевите пациенти треба, од истата причина, да консумираат сок од домати, како и поради високата содржина на калиум. Препорака за земање на сок е 200 мл свежо подготвен сок, секојдневно.

Како да направите домашен сок од домати:

Старинскиот начин на правење сок од домати е исклучително лесен и нема потреба од соковник. Тоа е едноставен процес со кој ќе добиете тегли со совршено зачуван сок.

Потребно е добро да се измие доматот, а потоа да се отстранат јадрото, коренот на дршката и сите оштетени делови од доматот. Потоа треба да го исечете на четвртини и да го ставите во тенџере. Вклучете ја ринглата и оставете да врие 30 минути, или додека доматите да омекнат целосно.

Исцедете го преку цедалка, сито или сомелете го во блендер за целосно да го одделите сокот од парчињата домати и да добиете изедначена, хомогена смеса. Вратете го сокот на оган и додајте ги сите зачини што сте ги избрале и ви одговараат според вкус.

Сокот е доволно да зоврие „еден клуч“ колку да се растопат и соединат сите зачини. Уживајте со овој вкус, а пред се здрав пијалок!

Секое утро пиела чаша сок од домати: Промените кои и се случиле после месец дена се чу-до

Овој напиток е чу-до за организмот. Откако ќе дознаете што сè може да излекува една чаша сок од домати, ќе започнете и вие да го практикувате истото.

За да проверат зошто е толку ефикасен овој сок, експертите од Универзитетот на Тајван одлучиле да спроведат еден експеримент. Собрале жени доброволци на различна возраст, тежина и потекло, па им дале да пијат по една чаша (околу 250 мл) сок од домати секој ден, во текот на еден месец.

Најбрзата и највидливата промена била значителниот губиток на килограми, а експертите нагласуваат дека не станува збор за исфрлени течности, туку само за масни наслаги.

“Тестираните жени не ги менуваа своите навики во исхраната или вежбањето, а за само неколку дена имаа значително видливи резултати”, откриваат научниците кои го спроведоа овој експеримент.

Исто така, тие на почетокот и на крајот од експириментот им ваделе кр-в. „Забележано е значително намалување на нивотот на холестеролот, а зголемено ниво на ликопенот – антиоксидант кој се наоѓа во доматите, а многу полезен за човековото здравје”, велат научниците.

Експериментот покажал и дека една чаша сок од домати дневно го зајакнува имунитетот, штити од срцеви болести, но и го намалува ризикот од развој на рак.

Покрај тоа, овој освежителен напиток помага и кај проблеми со варењето, стимулира исфрлање на течности, го чува здравјето и спречува болести на мочниот меур, панкреасот и белите дробови.