Сок од чувар куќа: за желудник, цисти, миоми, хемороиди, чистење на организмот, имунитет…

Билката Чувар куќа е позната како силно средство за лекување на многу болести.

Не само за внатрешни воспаленија, туку и за болести на кожата, воспалено уво… се користи за лекување на нашиот организам и одвнатре и однадвор.

Затоа, доколку сакате на најздрав можен начин да ја исползувате оваа билка, направете го овој рецепт со мед:

Потребни состојки:

180 г лист од чувар куќа
500 г мед
200 мл цеден сок од лимон

Постапка:

Наберете 180 г лист од чувар куќа, измијте го добро и ставете во блендер или во машина за мелење месо.

Додадете мед и мешајте додека да се соединат состојките – мешајте со дрвена или пластична лажица за да нема реакции со метал.

Ќе добиете вкусна смеса, но за да не е многу „тешка“ исцедете неколку лимони – по вкус (до 200 мл, а најдобро е со 2-3 лимони), додадете во смесата и уште еднаш промешајте.

Ќе добиете полутечна смеса.

Складирајте во тегла, а теглата обвиткате ја со алуминиумска фолија.

Чувајте во фрижидер и јадете по 1-2 супени лажици, трипати на ден, половина час пред оброк.

Loading...