Сочен колач со гриз и џем кој ќе ве натера да посегнете по второ парче, готов е за 25 минути. Рецепт на Бојана Цветковиќ од Бокина Кујна. Сочен колач со гриз и домашен џем кој ќе ве остави воодушевени од вкусот.

Се подготвува за 25 минути многу брзо и лесно, а вкусот ќе ве маѓепса и ќе ве натера да посегнете по второ, па може и по трето парче. Многу е лесен за јадење, па идеален е за десерт, но и за вечера затоа што добро се комбинира со млеко.

Како десерт одличен е во комбинација со кафе.

Доколку ви се појават на врата ненајавените гости, прикријте се во кујната и набрзина подгответе го овој колач. Гостите ќе бидат воодушевени од топлиот и свеж колач. За овој колач нема да ви биде потребен миксер, ниту многу намирници. Состојките потребни за приготвување се мерат едноставно, со шолја од 200 мл.

Може да користите џем од кајсии како што ќе користам јас во рецептот, затоа што колачот ќе излезе во посветла боја на изглед. Но, нема да погрешите ако сте поголем љубител на џем од сливи, јагоди или мармалад. Со секој намаз се комбинира одлично.

Потребни состојки: 3 јајца, 200 мл млеко, 200 мл масло, 200 г пченичен гриз, 200 г шеќер, 1 ќесичка ванилин шеќер, 200 г брашно, 1 ќесичка прашок за печиво, 200 г џем од кајсија, шеќер во прав.

Подготовка: Најпрво подгответе ја рерната да се загрее на 180 степени. За тепсија користете каква имате и според количината одредете во која тепсија ќе го печете колачот.

Доколку го печете во помала тепсија, колачот ќе биде подебел и потребно е подолго време да се испече целосно. Да не должиме и да започнеме со подготовката. Скршете ги трите јајца во подлабок сад и изматете ги малку со жица.

Потоа додајте го шеќерот и ванилиниот шеќер и повторно измешајте ги состојките. Доколку имате органска кора од лимон или портокал може да изрендате во подготвената смеса во сосем мала количина, но овој дел останува на вас. Кората од лимон или портокал ќе му даде на колачот свежина и цитрусен шмек и мирис.

Потребно е шеќерот само малку да се растопи со јајцата, а потоа додајте го млекото и повторно измешајте. Со секоја ставена состојка малку промешувајте, а потоа додавајте ја наредната. Додајте го маслото и гризот. Внимавајте смесата да е добро измешана и да нема грутки.

На крајот се додава брашното и прашокот за печиво и повторно се меша додека смесата се соедини добро, но повторно ве предупредуваме да бидете внимателни да не се направат грутки.

Откога смесата е добро соединета, на крајот се додава џемот од кајсии и овојпат се меша подолго бидејќи ќе добиете потврда смеса.

Димензиите на мојата тепсија се 33×20 цм. Може да ставите хартија за печење, но јас секогаш ја премачкувам тепсијата со малку масло и наросувам малку брашно на подлогата и од страните на тепсијата. Смесата целосно се прелива во тепсијата и се распоредува еднакво низ целата површина.

Вака подготвениот колач се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 25 минути. Откога колачот ќе се испече, потребно е да биде мек и да изгледа сочен. Одозгора колачот се наросува со шеќер во прав, но може да направите прелив со топено чоколадо на пареа. Тоа го оставаме на вас, а ние најмногу го сакаме вака подготвен бидејќи има едноставен и неодолив вкус.

Колачот може да се јаде додека е сè уште топол, но преубав е и откога ќе се излади. Колачот стои 2 – 3 дена, доколку го чувате на собна температура добро покриен со кујнска или некоја друга крпа одозгора.

Но, верувајте колачот е толку многу вкусен што ќе се изеде во еден ден, а веќе утре може ќе направите уште една тура. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска