Лиснатата погача со додаток на јогурт е толку посебна и мека, што можете и сама, така да ја јадете. Ќе ви стане секојдневна замена за леб и други печива. Особено е декоративна, па можете да ја послужувате и за разни прослави, родендени…

Потребни состојки: 700 – 800 г брашно, 40 г свеж квасец, 250 мл јогурт, 250 мл млеко, 2 лажички шеќер, 2 лажички сол, 1 лажица масло, 250 гр путер или маргарин за премачкување

Постапка: за да го премесите тестото, имајте во предвид дека ќе ви бидат потребни уште 50-100 г брашно за наросување на работната површина (од пакувањето од 1 кг брашно, на крај би требало да ви остане уште сосем малку, што најмногу зависи од самото брашно, колку ќе впие течност).

Активирајте го квасецот: издробете го, па заедно со шеќерот растворете го млакото млеко. Со активираниот квасец замесете меко тесто и оставете го да стасува премачкано со малку масло.

Кога тестото ќе го удвои својот волумен, премесете го нежно и поделете го на четири еднакви дела. Секој дел развлечете го со оклагија во круг со величина на тепсијата во која ќе се пече/ на намастена тепсија, на дното поставете ја првата кора.

Одозгора премачкајте ја со омекнат путер кој претходно сте го поделиле на три еднакви дела. Истата постапка повторете ја со сите кори, единствено последната не треба да ја намастувате, туку краевите да ги подвлечите околу погачата.

Засечете ја погачата од средината кон ивиците, но не скроз до крај. Секој триаголник увртувајте го, па вратете го повторно кон средината на погачата. Спремната погача премачкајте ја со јајце и оставете ја да отстои додека рерната добро да се загрее.

Печете ја на 200 степени околу еден час или додека да видите дека фино заруменила. Доколку рерната ви е силна и забележите дека многу брзо одозгора зацрвенува, некаде на половина од печењето ставете хартија или фолија одозгора за убаво да се испече. Прочитајте го и вториот рецепт:

ЈОГУРТНА ПОГАЧА – Целото соседство ќе мириса прекрасно додека таа се пече, никој не може да и одолее… Погачата е мека како душа и многу е едноставна за приготвување, особено за младите домаќинки кои немаат многу големо искуство во кујната.

Потребни состојки: 2 јајца, 1 јогурт во чаша (180-200 мл), 50 г квасец, 200 мл вода, 2 лажички шеќер, 2 лажички сол, брашно по потреба тип 400 меко (околу 700-800 г) и сусам за наросување, 150 г маргарин за мачкање (користев лајт маргарин).

Постапка: квасецот и шеќерот растворете ги во млака вода. Промешајте и оставете 10-тина минути на топло место за да стаса. Може да додајте и малку брашно за полесно да ферментира квасецот. Во околу 700 г брашно направете вдлабнување, па во него ставете две јајца кои претходно отстојале на собна температура.

Потоа додајте го и јогуртот, исто така на собна температура. Солта наросете ја околу во брашното, додајте го стасаниот квасец, па замесете меко нелепливо тесто, а по потреба додајте уште малку брашно. Тестото оставете го 5 минути да одмори, а потоа развлечете го во голема кора.

Кората треба да биде со правоаголна форма и дебелина од 5 мм. Преку целата површина премачкјате ја кората со омекнат путер. Свиткајте ја кората како ролат, а потоа сечете парчиња со широчина од околу 4-5 см. Редете ги во тркалезен калап или тепсија.

Покријте ја тепсијата со кујнска крпа или најлонска фолија и оставете да стаса за да се удвои. Врз секое ролатче ставете малку маргарин и наросете сусам. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени додека убаво да зарумени. Погачата чувајте ја во сува крпа. /Coolinarika.com