Лино лада колачот е еден од поубавите колачи кои се подготвува без печење и за мене е единствениот колач кој има многу богат вкус, а се прави толку едноставно. Постапката ќе ви одземе неколку минути, а потоа ќе се сладите со овој прекрасен вкус, на кој му нема замена. Овој колач ми е поубав и од бајадера, така тврдат и моите домашни.




Рецептот го имам одамна, а познат е со години поради неодоливиот вкус, лесната подготовка и евтините состојки кои се потребни за да се подготви. Направете го овој колач и нема да згрешите. Отсега постојано ќе го правам како замена за бајадерата. Еве што ви е потребно:

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 150 г чоколадо, 50 г лино лада нугат крем, 100 г шеќер во прав, 150 г путер, 2 јајца (100 г), 150 г мелени ореви, 150 г мелен бисквит. За чоколадна глазура: малку чоколадо и мелени лешници за наросување.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 6 јајца, 8 лажици шеќер, 100 мл вода, 100 мл масло, 6 лажици брашно, 3 лажици какао, 1 кесичка прашок за печиво. ЗА КРЕМ: 3 пудинзи од ванила, 1 лажица густин, 1 литар и 200 мл млеко, 10 лажици шеќер, 200 г маргарин/путер. И уште: 2 лажици бела лино лада и 2 лажици темна лино лада (нутела, еурокрем или сл.)




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Чоколадото исечкајте го на ситни парчиња. Во помал сад за сервирање измешајте ги јајцата и шеќерот и убаво измешајте со жица додека да се соединат убаво, односно смесата да побели и да го зголеми својот волумен.

ПРВ РЕЦЕПТ




Потоа додајте го чоколадото, лино ладата и ситно сечканиот путер (малку омекнат) и ставете ја смесата во тенџере на шпорет да се стопи сѐ убаво со постојано мешање. По 5 минути, кога ќе зоврие, тргнете од оган и веднаш додајте ги во мелените ореви и бисквити и убаво измешајте. Обложете помал, квадратен плех со фолија. Истурете ја смесата и измазнете ја како на сликата за да се премачка целото дно на калапот.

ПРВ РЕЦЕПТ




Врз колачот премачкајте тенок слој на лино лада кремот. Растопете ја чоколадната глазура и веднаш прелијте ја врз колачот. Додека глазурата уште не е стегната наросете со сечкани или мелени ореви. Оставете го колачот да се стегне, па исечкајте го на коцки или штангли по ваша желба. Мене ми е повкусен и од бајадера, некако побогата по вкус благодарение на лино ладата. / Сoolinarka.сom

ПРВ РЕЦЕПТ




ПРВ РЕЦЕПТ

ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Изматете ги жолчките и шеќерот, додајте ги течните состојки и добро изматете. Па дури потоа додајте го брашното помешано со прашокот за печиво и какаото. На крај додајте го снегот од белки и промешајте нежно со лажица.




Смесата печете ја во калап за торти бр. 28. Печениот и изладен бисквит исечете го на два дела, па натопете ги корите добро со млеко или овошен сок, по желба. За крем сварете ги пудинзите на вообичаен начин, па кога ќе излади додајте пенасто изматен путер и соединете. Кремот поделете го на два дела: во едниот додајте бела, а во другиот темна лино лада.




ВТОР РЕЦЕПТ / Фотографија и рецепт на Снежана Вуколиќ-Гршиќ

Премачкајте ја првата кора со светлиот крем, поклопете со втората кора, па нанесете го темниот крем. Пред послужување добро изладете. Кремовите се доста цврсти и тортата лесно се сече. Фотографија и рецепт на Снежана Вуколиќ-Гршиќ.