Home Останато Корисно Со помош на алуминиумска фолија вашиот шпорет ќе биде секогаш чист

Со помош на алуминиумска фолија вашиот шпорет ќе биде секогаш чист

“Постои еден многу корисен совет, како шпоретот секогаш да ви биде беспрекорно чист, и тоа со помош на алуминиумска фолија”.

При чистење на кујната, добар дел од времето и силата ни одзема чистењето на шпоретот. Теоретски, ова би требало да се прави веднаш по завршувањето на готвењето.

Се препорачува навремено чистење и бришење на површината од шпоретот за да не дојде до запечување на маснотиите. Но, во пракса, сите домаќинки не се исти, и често во недостиг на време, чистењето се одложува за подоцна, кога тоа е отежнато.

Меѓутоа, постои еден многу корисен совет, како шпоретот секогаш да ви биде беспрекорно чист, и тоа со помош на алуминиумска фолија.

Обичната алуминиумска фолија за домаќинство, може да помогне во одржувањето на чистотата во кујна, да заштеди време, нерви и пари за скапи средства за чистење.

Доколку сакате шпоретот да ви биде чист, при готвење а особено при пржење, направете го следното:

Земете поголемо парче алуминиумска фолија, измерете го, па обележете и исечете кругови на местата за струјни плочи.

Кога ќе завршите со готвењето/пржењето, извалканата фолија отстранете ја и заменете ја (по потреба со нова).

Резултат: чист шпорет и заштедено време. Едноставно, евтино и практично!