Карамел торта со богат крем од карамел кој многу лесно се приготвува

Извонреден рецепт. Секој залак се топи во уста, а вкусот е врвен. Со мека и фина кора.

Потребни состојки:

11 белки
11 лажици шеќер
3 лажици презла
200 г мелени ореви
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво

I Опција за премачкување на кората:

200 г лешник карамел бонбони
2 лажици млеко по потреба додадете уште

Loading...

II Опција за премачкување на кората:

200 г нутела

за фил:

11 жолчки
11 лажички шеќер
3 лажици густин
200 мл млеко
200 г темно чоколадо
250 г путер или маргарин

Постапка:

За кората: белките се миксаат додека да станат цврсти, па постепено се додава шеќерот и се продолжува со миксање додека да се растопи шеќерот. Потоа се додаваат лебните трошки, мелените ореви и прашокот за печиво.

Веднаш се нанесува на поголем плех обложен со хартија, се израмнува и се пече на 150 – 180 степени додека започне да се одвојува од ѕидовите, околу 25-30 минути. Кога ќе излади се сече на половина.

Карамелите се растопуваат на тивко во 2 лажици млеко и по потреба додадете уште млеко, да се добие густина на глазура од чоколадо. Врелиот карамел се прелива преку кремот (оваа опција мене ми е поубава, но можете да ја користите и опцијата бр.2, или да направите комбинација од двете).

За фил: Жолчките измиксајте ги со шеќер, па додадете густин па добиената смеса на тивко сварете ја во 200 мл млеко на пареа или на многу, многу тивко, па да се додаде чоколадото кое претходно малку сме ја растопиле. Кога ќе згусне оставете целосно да излади, а потоа спојте го со пенасто изматен путер.

Редење: Двете кори (добиени од едната пресечена) релијте ги со растопениот карамел, нанесете половина од кремот врз првата кора, па ставете ја втората кора и на крај завршете со остатокот од кремот. Одозгора наросете со мелени ореви или ситно сечкани ореви.

Забелешка: Овој колач го направив според оригиналниот рецепт и излезе фантастично, а вториот пат малку го изменив и добив многу префин крем. Ја зголемив количината на млекото, па така ставив 500 мл млеко и 5 лажици густин. Кората ја печев во најголемиот плех од рерната, ја пресеков на половина и ми остана доста фил за да го премачкам целиот колач одоколу. Следниот пат веројатно ќе ја приготвам како торта.

Loading...