Иако природата е неумолива, па промените во телото со возраста се неизбежен феномен, постојат едноставни начини за подобрување на состојбата на телото.

Кај жените после 40-та година метаболизмот се забавува, па слабеењето е многу потешко. Експертите тврдат дека само еден зачин е доволен за да направи голема промена.

Кајенската пиперка содржи капсаицин, супстанција која го поттикнува забрзувањето на метаболизмот, а за да се постигне ефектот е доволно само прстофат.

Го забрзува метаболизмот

Докажано е дека капсаицинот ја зголемува телесната температура и го забрзува варењето и губењето маснотии. Храната богата со протеини (месо, риба, пилешко…) побрзо се дигестира кога ќе и се додаде барем малку кајенска пипер.

Некои лекари тврдат дека редовното консумирање на зачинета/лута храна во мали количини го спречува стареењето и го зајакнува имунитетот.

Го намалува чувството на глад

Докажано е дека капсаицинот може да го намали чувството на глад, што значи дека ќе јадете помалку во текот на денот.

Го намалува крвниот притисок

Бројни студии покажале дека капсаицинот го намалува крвниот притисок.

Го подобрува варењето

Кајенскиот пипер може да го подобри здравјето на дигестивниот систем и да го намали ризикот од pак на желудникот.