Многу вкусни парчиња похуван модар патлиџан кои можете да ги послужите како мезе, предјадење или како главно јадење. Испробајте ги трите нови вкуса од оваа неодолива закуска. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 модри патлиџани, сол, 6 јајца, брашно, лебни трошки (презла), ленено семе, сусам

ПОСТАПКА: Модриот патлиџан исечете го на тенки тркалца. Секое тркалце наросете го со малку сол, наредете ги едно врз друго во некој сад и оставете ги да отстојат половина час. По изминатото време исцедете ги од течноста што ќе ја испуштат.

Во подлабок сад скршете шест јајца и изматете ги со виљушка или маталка. Во друга плитка чинија ставете брашно, а во трета чинија ставете лебни трошки.

Секое трклаце модар патлиџан прво валајте го во брашно, потоа во јајца и на крај во лебните трошки. Наместо лебни трошки можете да употребите ленено семе или сусам. Употребете ги сите три различни похувања за да можете да уживате во различните вкусови.

Вака похуваните тиквички наредете ги во плех обложен со хартија и сосем малку намастен, по желба можете одозгора да капнете неколку капки масло, па да ги ставите да се изпечат во загреана рерна на 250 степени, 30 минути.

По желба можете и да ги пржите, а потоа да ги вадите на хартиена салветка. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеопрезентацијата ОВДЕ.