Ракот на ендометриумот на матката е најчестиот карцином на матката, најчестиот малиген тумор кај женскиот репродуктивен систем и четврти најчест карцином кај жените.

Најчесто се јавува кај жени во менопауза и се манифестира со абнормално кр-вавење од ва-ги-на-та. Една од десет жени со кр-вавење за време на менопауза е  дијагностицирана со рак на ендометриум (слој на матката).

Терминот рак на матката најчесто се однесува на рак на ендометриумот (обвивката на матката) што е најчестиот малиген тумор. Малигниот тумор наречен сарком, исто така, може да се формира во телото на матката од мускулите или сврзното ткиво, но тој е многу поредок и сочинува само околу 2% од малигните тумори на матката.

Ракот на ендометриумот е најчеста малигност во женскиот репродуктивен систем и четврти најчест карцином кај жени, по ракот на дој-ката, карцином на дебело црево и рак на бели дробови.

Ракот на ендометриумот најчесто се јавува кај жени во менопауза, на возраст од педесет и седумдесет години. Сепак, може да се појави и кај жени кои сè уште имаат менструација, но е исклучително редок пред четириесетите години.

Ракот на матката може да се прошири на други делови на гени-талниот систем, како што се грлото на матката или јајниците, но исто така и на другите органи на телото надвор од карлицата.

Важно е да се нагласи дека ракот на телото на матката не е ист со ракот на грлото на матката – ова се различни видови на рак со различни карактеристики и прогноза. Секој рак може да се прошири на други делови на матката или други органи.

Фактор што значително го зголемува ризикот од развој на рак на ендометриумот е продолженото дејство на естрогенот без истовремено супресивно и стабилизирачко дејство на прогестеронот.

Естрогенот го стимулира растот и задебелување на обвивката на матката и може да доведе до негов неправилен и неконтролиран раст доколку нема спротивставено дејство на прогестерон хормонот.

Таков доминантен ефект на естроген се јавува кај некои болести кои доведуваат до отсуство на овулација и менструација, како што е синдром на полицистични јајници, но исто така и кај некои тумори кои лачат естроген или при земање на високи до-зи на лекови.

Ракот на ендометриумот се развива постепено од преканцерогени лезии, исто како и ракот на грлото на матката. Преканцерогените лезии се премалигни фази на развој на рак, а кај карциномот на матката се вклучени под името на хиперплазија на ендометриумот.

Како што веќе споменавме, повеќето жени со рак на ендометриумот се во периодот после менопаузата. Со оглед на тоа, најчест симптом на рак на ендометриумот е патолошко кр-вавење во постменопауза.

Околу 25% од жените со рак на матката се во периодот пред или перименопауза, а потоа симптомите се често посуптилни. Бидејќи менструацијата често станува нередовна пред менопаузата, жените често игнорираат нередовно и неправилно кр-ваевње во овој период.

Важно е да се нагласи дека менструалното кр-вавење треба да биде помало со приближувањето кон менопаузата. Ако имате често и обилно кр-вавење помеѓу периоди во текот на овој период, контактирајте го вашиот лекар..

Пред да се појави кр-вавење, понекогаш може да се појави гно-ен исцедок од ва-ги-на-та, што може да биде придружено со б олка во стомакот и карлицата. Дефинитивно треба да контактирате со вашиот лекар ако забележите каква било промена во количината или бојата на исцедок.

Како го излекував туморот на матката: Оваа жена откри моќна мешавина од три состојки

Станува збор за мешавина од три состојки, кои треба да се консумираат трипати на ден по една лажица, половина час по оброк. Жената по име Веселина Стевиќ и бил дијагностициран миом на матката.

По преглед на лекар и дијагностицираната прогноза, таа одлучила да се обиде да се излечи природно. Слушнала за природен лек од алое вера, па решила да го примени некое време и да види дали ќе покаже резултати.

По некое време, по користењето на овој лек таа отишла на друг преглед и се воодушевила од резултатите.  „По користењето на сок од алое вера, миомите целосно исчезнаа,“ тврди жената.

Станува збор за мешавина од три состојки, кои треба да се земаат трипати на ден, една лажица, половина час по оброкот. „За третман на онколошки пациенти на кои им е потребна збогатена диета со многу витамини, препорачувам мешавина од 100 г сок од алое вера, измешан со 500 г мелени ореви и 300 г природен мед,“ вели Веселина.

Извадете ја лушпата од листот на алоето и соединете ја смесата со мелените ореви и медот. Лекот се подготвува за неполни 15 минути, а толку многу е лековит што вреди веднаш да го направите.

Може да се пие и за здравје, како превентива. Смесата треба да се чува на ладно и суво место.

Алое верата е многу корисна билка и затоа е препорачливо да си ја имаме дома. Оваа билка помага при изгореници настанати од штетното влијание на сонцето. Покрај тоа, оваа билка, поточно нејзиниот гел, помага при разни кожни проблеми.

Може да се третираат акни и помага во намалување на видливоста на брчките. Се препорачува да се користи и при убоди од инсекти. Ако сте алергични од убод на инсекти или забележите дека нешто не е во ред, отидете на лекар бидејќи убодот од инсекти може да биде о пасен.

Оваа билка помага и при артритис, опстипација (има лаксативно дејство), ждригавица. Иако е корисна оваа билка, сепак треба да знаете како се користи. Познавачите велат дека не треба да ја користат лица кои користат лекови за дијабетес, бремени жени (или оние што планираат да забременат) или доколку имате нервозни црева (проблеми со дигестивниот тракт).

Сокот од алое вера се консумира во мали количини, дозирано еднаш или два – три пати во текот на денот. Не се нанесува на хируршки ра-ни.

Патем, алое верата е познат лек уште од античко време, а е забележано дека дури и Клеопатра, Аристотел, Александар Македонски и кралот Соломон го користеле за медицински цели.

За лековитоста на оваа билка кажува и помислата на Кристофер Колумбо: „Постојат четири растенија кои се неопходни за човекот: пченица, грозје, маслинки и алое вера. Првата негува, втората му дава радост на срцето, третата обезбедува хармонија, а четвртата го прави човекот здрав.“

Во Индија, ова моќно растение се користи повеќе од 5.000 години, бидејќи се верува дека помага во лекување на туберкулоза, астма, чиреви на желудник, ревматизам и сите болести на женските репродуктивни органи, па дури и рак.

Академикот Филатов препорачува измиените листови алое вера да не се сечат веднаш по измивањето, туку да се стават во чинија, а потоа да се остават да отстојат во фрижидер 10 – 12 денови.

Во овие услови, во клетките на растението се формираат супстанции познати како „биогени стимулатори“ кои го поттикнуваат дејството на лековитите својства. После изминатите денови, повторно измијте ги листовите алое.

Алое вера не се препорачува да консумираат акутно бубрежно болните, оние кои имаат болести гастроинтестиналниот тракт, за време на бременост, кај воспаление на женските репродуктивни органи и болести на срцето, туберкулоза и хемороиди.

Користената билка алое вера потребно е да не биде помлада од 2 – 3 години. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска