Со овие солени кифлички ќе уживате во секој залак, а идеални се за појадок

Сè што ви е потребно, се волја и дваесеттина минути.

Потребни состојки:

500 г брашно
100 г маргарин
100 мл масло
1 јајце
малку сол
½ квасец
100 мл млеко
1 лажичка шеќер

За фил:

200 г ситно сирење
1 жолчка
100 мл јогурт
сол по потреба

за премачкување:

Loading...

1 белка
малку сусам

Постапка:

Во децилитар млака вода промешајте лажичка шеќер и квасец. Оставете 10-тина минути да се активира.

Во друг сад пригответе ги сите останати состојки и додадете го активираниот квасец. Замесете го тестото и покријте го со крпа. Оставете го да стасува околу еден час на топло место.

Стасаното тесто премесете го и поделете го на два дела. Од секој дел развлечете тенки кори со оклагија. Сирењето, јогуртот и жолчката добро измешајте ги. Развлечените кори премачкајте ги секоја со половина од филот. Потоа свиткајте ги во ролат.

Одозгора премачкајте ги со изматена (со виљушка) белка и наросете со сусам. Исечете ги на помали штрудли.

Малите кифли наредете ги во намастен плех (или обложен со хартија) и ставете ги да се печат во загреана рерна на 250 степени, околу 25 минути. Печените штрудли извадете ги од рерна и прекријте ги со крпа неколку минути.

coolinarika.com

Loading...