Home Здравје Ако се прашувавте како еден обичен сапун може да го уништи така...

Ако се прашувавте како еден обичен сапун може да го уништи така силниот коронавирус – еве го одговорот

Обичниот стар сапун и водата апсолутно го уништуваат корона вирусот. Милион пати слушнавте како прва препорака: Најдобар начин за да го спречите ширењето на коронавирусот е редовно и често да ги миете рацете.

Тоа е вистина, а еве зошто е тоа така.

Обичниот сапун, сапунот од коприва, цврстиот, течниот, било кој сапун – апсолутно има моќ да ги уништува вирусите. Затоа миењето само со вода – е исто како да не сте ги измиле рацете.

Тоа има врска со молекулите на сапунот кои комуницираат со вирусот – наведува Vox.

Сапунот се состои од двострани молекули. Едната страна ја привлекува водата, а другата страна ги привлекува маснотиите.

Вирусите пак, се состојат од материи опкружени со слоеви од протеини и масти. Се однесуваат како капки масло кои се залепуваат за вашата кожа.

Кога вирусите стапуваат во интеракција со сапунот, молекулите од сапунот ги откинуваат тие слоеви од масти.

<

Сапунот буквално ги уништува вирусите. Секако, потребно е време за овој ефект да се случи: поточно, 20 секунди.

Средствата за дезинфекција делуваат на слиен начин, бидејќи главно се состојат од алкохол, а алкохолот се делува на сличен начин како сапунот, уништувајќи го масниот слој од вирусот.

Погледнете го целото видео со објаснувањето: