Многу е повкусен од другите колачи, треба да го пробате. Ова е еден стар рецепт извлечен од тефтерот на мајка ми, но кога еднаш ќе го направите, често ќе ви го бараат, па почесто и ќе го правите. Се приготвува со газирана вода и некој газиран сок по ваш вкус.

Најчесто се користи некој ароматичен, како Струмка, Газоза или Фанта. Количината за овој колач што е наведена во состојките е плех со средна величина, со димензии 20х35 см што е сосем доволно за една доза, но доколку сакате да правите во најголем плех, тогаш зголемете соодветно количините на состојките.

Потребни состојки:

100 г мелени ореви, 100 г шеќер, 10 лажици било кој негазиран сок, 150 г брашно, 250 мл газирана вода, 1 прашок за печиво, 150 г посен шлаг, 150 мл газирана вода, 50 г блендирани ореви, може и мелени

Постапка:

Во сокот додадете го шеќерот и мешајте додека да се раствори. Додадете газирана вода и уште еднаш промешајте. Измешајте го брашното, мелените ореви и прашокот за печиво, па додадете ја мешавината во претходната смеса и убаво изматете за да се соединат влажните со сувите состојки.

Загрејте ја рерната на 160 степени, па во обложен плех со димензии 20х35 см или приближно, излејте ја смесата и рамномерно распоредете ја. Ставете да се пече околу 25 минути или во зависност од рерната. Печениот бисквит оставете го да излади.

Изматете го шлагот со газирана вода, па нанесете го врз колачот а одозгора наросете ореви. Можете да декорирате и по ваш вкус, но вака е многу убаво. Пред сечење и послужување, најубаво е колачот да го изладите во фрижидер.

Brzikolaci.com