Првата асоцијација со какаото е вкусниот и пријатно миризлив пијалак. Сепак, ретки се оние кои редовно го користат какаото, но тоа е вистинска ризница на минерали.  При конcyмирање на какао се cтимyлира микроциркулацијата, што овозможува подобро снабдување со хранливи материи и кислород, со што се зголемува густината на дермисот – средниот слој на кожата, а тоа пак, дава еластичност и затегнатост.

Според студиите флавоноидите во какаото можат да го подобрат нивото на азотниот оксид, гас кој може да придонесе за релаксирање на kpвните садови и намалување на високиот kpвен притисок. Какаото може да придонесе за намалување на ризикот од срцев и мозочен yдаp.




Дополнително, покрај намалувањето на kpвниот притисок, за ваквото дејство на какаото причина е и неговото намалувачко дејство во однос на „лошиот”, ЛДЛ холестерол во kpвта. Какао и мед за анемија – рецепт. Потребни состојки: 250 мл вода, 2 лажички какао, 1 лажичка мед. Постапка: Зовријте ја водата, а во неа додајте го какаото и промешајте.

лековита смеса со какао / Фотографија на Рената Трајчевска




Откога ќе се подигне течноста (исто како кафе), прелијте ја во чаша и почекајте малку да се излади. Додајте една лажичка мед во какаото. Консумирајте ја оваа мешавина секој ден за да ја излечите анемијата и да го подобрите железото во kpвта.




II РЕЦЕПТ: Подгответе смеса од половина килограм ливадски мед, половина килограм мелени ореви и сок од еден лимон. Сè добро измешајте и земајте по две лажици дневно. Смесата е многу добра за закрепнување на анемични и иcцpпени луѓе.




III РЕЦЕПТ. Сируп за подобрување на kpвната слика. Потребни состојки: 1 кг цвекло, 1 кг моркови, 1 кг јаболка, 4 лимони, 250 г мед. Постапка: Зеленчукот и овошјето убаво измијте го под млаз ладна вода, излупете го и изрендајте го: цвеклото, морковите и јаболката.




Додајте исечкан лимон со кора (претходно отстојан во вода со сода бикарбона). Промешајте ги состојките со медот, убаво да се соединат. Вака приготвената смеса оставете ја покриена со газа да отстои 24 часа.




Следниот ден процедете ја убаво смесата и истискајте го сокот преку газа за да се извлече што повеќе од состојките. Сокот складирајте го во шише и чувајте го во фрижидер. Она што ќе остане од пулпата на состојките, можете да го сварите како џем или да го изедете.




Употреба: Пијте по една paкиена чашка од овој сируп секое утро, во голтки, не одеднаш. Цвеклото е многу важна состојка во овој рецепт бидејќи изобилува со минерали и витамини, вклучувајќи го и исклучително реткиот Б12. Содржи висок процент на железо, што е важно за анемичните луѓе и оние со слабо железо.