Има повеќе рецепти за Јафа колачи, но овој рецепт сите ми рекоа дека им е најубав, а пријателките и сосетките веднаш ми побараа рецепт за него. Идеален е за подготовка кога ви се брза и сакате нешто вкусно, а сепак богато да направите.




Овој јафа колач не се пече и се подготвува од неколку состојки. Ова беше коментарот на мојата пријателка кога го проба: „Вкусот е одличен, чиста десетка и јас отсега ќе го правам често бидејќи лесно се спрема.”




Потребни состојки: 500 г бисквити по избор, 300 г јафа бисквити со вкус на портокал, 250 г млеко, 100 г путер, 2-3 лажици шеќер, 150 г чоколадо за готвење. Постапка: Млекото, путерот, шеќерот и чоколадото стопете ги во тенџере на оган со ниска температура. Потоа оставете течноста да зоврие и да вари неколку минути. Тргнете од оган и почекајте да се излади.




Бисквитите и јафа кексот изронете ги на ситни и средни парчиња во длабок сад, па прелијте одогзгора со оладената смеса од чоколадо и измешајте. Колачот прелијте го во долгнавест калап и оставете го во фрижидер добро да се олади најдобро преку ноќ. Изладениот колач исечете го на парчиња и уживајте во јафа вкусот.

II РЕЦЕПТ. Јафа колач со печење, мек и воздушест како памук, а во уста прави вкусна текстура. Потребни состојки за бисквит: 6 јајца, 240 г шеќер, 160 мл масло, 160 мл млеко, 300 г пченично остро брашно.




И уште: 2 кесички прашок за печиво, 130 г џем од кајсии или некој друг по ваш избор, 2 средни портокали (замрзнати), 200 мл вода, 200 г шеќер. За глазура: 200 г чоколадо, 4 лажици масло.

Постапка: Изматете ги 3 јајца и 120 г шеќер. Постепено додавајте 80 мл масло, 80 мл млеко и на крај лесно измешајте 150 г брашно измешано со 1 кесичка прашок за печиво.




Смесата истурете ја во плех (30×20 cм) обложен со хартија за печење и печете во загреана рерна на 190°C околу 20 минути. На ист начин испечете уште еден бисквит. Количините во наведените состојки за бисквит се однесуваат за подготовка на 2 кори, а потоа корите се подготвуваат одделно.




Отстранете ја хартијата од изладениот бисквит и вратете ја во плехот и премачкајте со џем од кајсии. Вториот бисквит исечете го на коцки. Замрзнатите портокали изрендајте ги ситно и зовријте ги водата и шеќерот.

Исечениот бисквит измешајте го со ренданиот портокал, прелијте со врелиот раствор од шеќер и вода и промешајте. Вториот бисквит распоредете го преку првиот и добро израмнете.




Оладете ја тортата 1-2 часа, а потоа прелијте ја со чоколадната глазура и чувајте ја во фрижидер 2 часа пред да ја послужите. Послужување: Со топол нож загреан во бокал со топла вода исечете ги коцките и послужете.




Совети: Извадете ја тортата на собна температура пред да ја исечете за полесно да се сече. Можеби за овој колач е потребно малку повеќе време за подготовка, но јас секогаш велам дека ако треба и цел ден би поминала за да го направам од што е вкусен. / Coolinarka.com