Народен лек за брзо смирување на болката при воспаление на жолчно кесе

Воспаление на жолчно кесе претставува едно од најчестите заболувања во хирургијата и речиси секогаш се јавува како последица од опструкција на вратот од жолчната кеса или нејзиниот изводен канал со жолчен камен.

Поради ваквата опструкција празнењето на жолката е отежнато или оневозможено. Во вака застојаната жолчка доаѓа до инфекција и насобирање на течност во кесата, па таа се шири со што се зголемува притисокот и се јавува болка.

Во повеќето случаи заглавениот камен се враќа во жолчната кеса која се испразнила, но ако инфекцијата е силна, а опструкцијата на изводниот канал е комплетна, тогаш проблемот мора да се решава хируршки.

Loading...

Доколку воспалението на жолчната кеса не се лекува, можни се низа компликации кои се опасни по животот.

Воспалението на жолчната кеса најчесто се манифестира со силна болка во десната страна од стомакот, три до пет часа после некој масен оброк. Болката се шири кон десното раме, лопатката или ‘рбетот, проследена со мачнина и повраќање, а се појачува со секое вдишување, како и при кашлање и движење.

Слични симптоми дава и желудочната кила, па сепак дијагнозата треба да ви ја постави лекар. Некогаш може да се забележи и промена на бојата од кожата и слузокожата во жолтеникава.

Доколку воспалението на жолчната кеса не се лекува, можни се низа компликации кои се опасни по животот.

Кај пациенти со воспаление на жолчна кеса, многу е важна избалансираната исхрана, оброците да бидат умерени и чести (5-6 оброци на ден) и никако претерано топли, зачинети или масни, како ни намирници кои предизвикуваат подуеност. Истото важи и за внесот на течности.

Советот од лекарите е после секој оброк, задолжително малку да се одмори. Од намирниците кои се препорачуваат, треба да се внесува храна богата со јаглени хидрати и протеини, доста пилешко и риба, лимон и круши, како и јаткосто овошје.

Воспалението на жолчната кеса во голем број од случаите е предизвикано од неправилна исхрана. Наместо леб треба да се јаде двопек, а препорачливо е да се одбегнуваат печивата, тестенините со јајца и масните млечни производи.

Пациентите кои имале проблем со воспаление на жолчното кесе тврдат дека овој природен лек им помогнал во решавањето на проблемот:

РЕЦЕПТ ЗА СМИРУВАЊЕ НА БОЛКАТА ОД ВОСПАЛЕНО ЖОЛЧНО КЕСЕ

Во 200 мл свежо исцеден сок од јаболка растворете 3 супени лажици јаболкова киселина. Во првите 10 минути симптомите може да се засилат, но после 20 минути доаѓа до целосен престанок на болката.

Loading...