Нов тип на имунолошки клетки кои ги убиваат повеќето познати видови на канцер, бил случајно откриен од британските научници, а откритието, како што се тврди, има енормен потенцијал да внесе револуција во начинот на лекување на овие тешки болести!

Истражувачите од Универитетот во Кардиф во Велс, анализирале примероци од крв во една банка трагајќи по имунолошки клетки кои би можеле да се борат против бактериите. Во една фаза од своето истражување откриле потполно нов и досега непознат вид на Т-клетки.

Она што ги воодушевило е откритието дека тие клетки имаат рецептори кои досега не биле забележани, а кои делуваат како сидро на повлекување, со јадици кои ги фаќаат повеќето канцероглени клетки, а истовремено неоштетувајќи ги здравите и нормални ткива.

Во лабораториски услови, имунолошките клетки со овие рецептори покажале способност за уништување на клетките од ракот на бели дробови, рак на кожа, дебело црево, дојки, простат, јајници, бубрези…

Откритието беше објавено во Nature Immunology, и сè уште не е тестирано на вистински пациенти. Иако имунолошката терапија не е новост за канцерогените заболувања, сепак, во последно време направени се големи чекори.

Таквата терапија иако е делотворна, засега е многу скапа, бара екстремно скапа опрема и врвно обучени експерти кои треба да го третираат секој пациент поединечно.

Споменатото откритие дава надеж дека во догледно време би можело да се пронајде еден универзален лек.

-Постои шанса да биде лекуван секој пациент, изјавил професорот Ендру Сивел, еден од истражувачите.

-Порано никој не веруваше дека вакво нешто би можело да се случи – додал тој.

Луциа Мори и Генаро Де Либеро, од Универизитетот во Базел, Швајцарија, изјавиле дека истражувањето има “голем потенцијал”, но дека засега е во рана фаза за да се каже дали ќе може или не, да ги излекува сите канцери.

И други експерти покажуваат умерен или нешто поголем оптимизам, но има и такви како Даниел Дејвис, професор по имунологија од Универзитетот во Манчестер, кои предупредуваат дека ова се базични истражувања и засега не се ни блиску до вистинскиот лек за пациентите.

-Нема збор дека ова е многу возбудливо откритие, и кога станува збор за напредок за нашите основни познавања за имунолошкиот систем и кога станува збор за можноста во иднина да се направат нови лекови – заклучил тој.