Колач од белки…Колач кој е исклучително вкусен и едноставен

Лесен е за подготовка, пријатно мириса и многу е вкусен. Потребни состојки: 6 белки, 200 г шеќер, 100 мл масло, 150-200 г брашно, 1 ванилин шеќер, 100-150 г микс од суво овошје и ореви, 2 ребра чоколадо по желба, не мора

Постапка: Изматете белки во цврст снег со постепено додавање на шеќер. Mатете додека шеќерот целосно да се растопи. Кога ќе добиете цврст снег додадете масло и изрендајте малку лимонова кора, па внимателно промешајте го и брашното со постепено додавање. Не се става прашок за печиво.

Мешајте со лажица, полека, со превртување за да се сочува пенливоста на смесата. На крај додадете го миксот од ореви и суво овошје и убаво изедначете. По желба може да додадете и малку сечкано чоколадо.

Калапот за срнечки грб или леб намастете го со путер и наросете го со брашно. Распоредете ја во него приготвената смеса и израмнете. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 30-40 минути. Проверете со стапче дали е готов.

Почекајте да излади, па потоа превртете го на чинија. За да се исече убаво, почекајте колачот целосно да излади. Одозгора наросете шеќер во прав или ставете чоколадна глазура.

Претходна статијаСлучајно откриен лек против сите видови канцери – ќе се користи како антибиотик?
Следна статијаЛененото семе со јогурт е неверојатен лек, особено за дебелина – со овој метод гарантирано ќе ослабете