Тортата со слој од целувка, т.е. потпечен снег од белки во комбинација со ореви и урми е една од оние десерти кои мора да ги пробате барем еднаш. Вкусот е незаборлив и ќе сакате постојано да и се навраќате. Какао бисквитот филуван со вкусниот крем богат со ореви и урми и сето тоа покриено со целувка.




Кој ја смислил оваа торта секоја му често, зашто вкусовите во неа совршено се усогласуваат едни со други и создаваат cензационален конечен ефект. Совршена е за празници или забави, не е комплицирана за подготовка, само следете ги чекорите во рецептот и гарантирано ќе ви успее. Под пишаниот рецепт можете да ја погледнете и презентацијата на линкот. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 50 г брашно, 30 г какао, 100 г шеќер, 1 мала лажичка прашок за печиво, 1 прстофат сол. ЗА ЦЕЛУВКА: 4 белки, 200 г шеќер, 2 мали лажички скроб/нишесте/густин, 50 г сечкани ореви, 1 прстофат сол.

ЗА ФИЛ: 500 мл слатка павлака, 250 г маскарпоне (крем сирење), 150 г путер од кикирики (или лешников намаз), 100 г сечкани урми, 100 г сечкани ореми, 1 кесичка крем фикс (не мора)




ПОСТАПКА: Во посебни садови одделете ги белките од жолчките, па пенасто изматете ги со прстофат сол. Постепено додавајте го шеќерот додека непрекинато матите со миксерот, сè додека да добиете цврст снег кој не паѓа кога ќе го превртите садот.




Потоа започнете да ги додавате една по една жолчките. Следната жолчка додајте ја откако претходната целосно ќе се измати во снегот кој и натаму останува густ и пенлив. Кога еднаш ќе ги соединете сите жолчки, повеќе не ви е потребен миксерот.




Измешајте ги сувите состојки и најдобро низ сито да ги просеете и постепено да ги додадете во изматените јајца: брашното, прашокот за печиво и какаото. Мешајте со лажица со бавни движења додека да се изедначи смесата и да нема грутчиња.




Плехот (24х24 см) обложете го со хартија за печење, па пенливата смеса истресете ја и рамномерно распоредете ја. Ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на 170 степени, приближно 25 минути (проверете со дрвена чепкалка, ако излезе сува, значи дека пандишпанот добро се испекол). После печењето оставете да се олади.




ЦЕЛУВКА: Изматете цврст снег од белките со сол. Потоа со непрекинато матење постепено додавајте го шеќерот, сè додека тој целосно да се растопи. Кога снегот ќе застакли и доволно ќе зацврсти, додајте го скробот и кратко промешајте. На крај додајте ги сечканите ореви и сето промешајте го со лажица/шпатула.

Целувката распоредете ја врз големиот плех од рерна обложен со хартија (обележете ја величината на плехот во кој го печевте пандишпанот, за да бидат со еднаква големина) и ставете во рерна претходно загреана на 140 степени. Целувката најдобро се суши кога е отворена од сите страни.

Сушете ја 30 минути, а потоа намалете ја температурата на 100 степени и сушете ја уште 35 минути. По изминатото време исклучете ја рерната и оставете ја целувката да се олади во затворена рерна.

ЗА ФИЛ: Ставете ја слатката павлака и крем сирењето (маскарпоне, филаделфија или сл.) и изматете со миксер. Потоа додајте го путерот од кикирики или лешниковиот крем (нутела, еурокрем..), сечкани ореви и урми.

Нежно измешајте додека сè да се соедини и на крај додајте го крем фиксот кој има функција кремот да го одржува цврст долго време, дури и на собна температура, што е погодно за слави и забави.

РЕДЕЊЕ: Филот распоредете го врз оладениот пандишпан/бисквит, израмнете и одозгора прекријте со изладената целувка. Оставете ја тортата во фрижидер неколку часа пред послужување или преку цела ноќ. Деталите погледнете ги ОВДЕ.