СЛЕДЕТЕ ГО ОВА ПРАВИЛО НА ПОЗНАТИОТ ПСИХОЛОГ ЗА ПОДОБАР И ПОСРЕЌЕН ЖИВОТ: „Желбата да се задоволи секого е сигурен пат до пропаст“

„Дали сакате да знаете кој е вашиот најголем непријател? Погледнете во огледало. Победете го и другите ќе се покорат“, смета Литвак.

Начин на живот

Михаил Литвак е еден од најпознатите pуски психолози на денешницата. Светска слава стекна со книгата „Психолошко аикидо“. Неговата мудрост е лесно да се разбере и следи, а резултатите се неизбежни.

Собравме 15 правила на овој мудар човек кои ќе ви помогнат да си го подобрите животот.

1.Морате добро да ги испланирате вашите постапки и добро да го организирате вашиот живот и како резултат на тоа ќе почне да ве следи среќа.

2.Ако навистина сакате нешто, не двоумете се и не барајте нечија дозвола да го направите тоа. Во оваа ситуација, вие сте единствениот кој е важен.

3.Не чувствувајте се лошо ако некој е на местото на кое посакувате да сте вие. Сè се случува точно кога треба, ништо не е случајно.

4.Споделете ја радоста и со пријателите и со непријателите. Оние кои ве сакаат ќе бидат среќни, а оние другите ќе бидат вознемирени.

5.Убаво е да се разговара со пријател, а корисно со непријател.

6.Кога човек нема цел, тој ништо не гледа јасно. Целта го изострува погледот на светот.

7.Депресијата му била дадена на човекот за да може да размислува за себе.
8.Не ги потценувајте луѓето.

9.Научете да живеете за себе. Ослободете се од потребата постојано да се докажувате некому. Во спротивно, ќе го поминете животот живеејќи за другите.

10.Тргнете по вистинскиот, а не по полесениот пат.

11.Не плашете се да разговарате со луѓе, особено со оние што штотуку сте ги запознале. Тие всушност можат да имаат позитивен ефект. Никогаш не знаете што би можеле да научите.

12.Дали сакате да знаете кој е вашиот најголем непријател? Погледнете се во огледало. Победете се самите себеси и другите ќе се покорат.

13.Среќата е производ на добро организиран живот.

14.Ако сакаш да докажеш нешто некому, тогаш постоиш само за таа личност. Ако постоиш за себе, тогаш не треба никому ништо да докажуваш.

15.Не знам точно кој е патот до успехот, но знам дека патот до неуспехот е желбата да им се угоди на сите.