Сите слатка се убави и вкусни, но слаткото од вишни има посебна освежителна нота.

Потребни состојки:

1 кг вишни

1,25 кг шеќер

Постапка:

Вишните измијте ги од семки. Земете шерпа која се користи само за слатко, па редете ред вишни, ред шеќер. Оставете да отстои неколку часа, додека целиот шеќер да се стопи.

Ставете го слаткото да се готви на тивок оган, без мешање, додека сокот да стане доволно густ. Кога густината на сокот е задоволителна, тргнете ја шерпата од оган, покријте со влажна крпа и оставете 15-тина минути.

За тоа време вишните ќе пуштат вода, затоа слаткото треба повторно да се врати на оган и да се продолжи се варење.

Кога од лажицата ќе паѓаат одеднаш по две капки од густиот сок, тогаш слаткото е готово. Се трга од оган, се трга пената, се покрива со влажна крпа и се остава да преноќи, па следниот ден се складира во тегли и се затвора.

РЕЦЕПТ НА ЧИТАТЕЛКА

На 1 кг вишни ставам 1 кг шеќер ако се покесили, а ако се марелици тогаш ставам помалку околу 600 г шеќер на 1 кг вишни. Затворените тегли со слатко ги ставам во ладна рерна, а потоа ја вклучувам на 90 степени – 90 минути и се оставаат тегличките во рерна до следниот ден. На овој начин слаткото никогаш не ми се расипува.

Деталите погледнете ги во видеото: